Првиот Calvin Klein мирис под водство на новиот креативен директор Raf Simons ќе биде промовиран во август 2018 година, едноставно наречен Calvin Klein Women, рекламиран со слоганот “Јас сум жена”. Концептот на новиот мирис Ralf Simons го пронајде во неговата страст кон фотографијата, инспириран од моќта на жените.
Инспирација во моќта на женскиот поглед!
Мирисната композиција ветува цветно-дрвенест мирис со иновативен карактер, за чие создавање заслужни се парфимерките Honorine Blanc и Annick Menardo. Инспирацијата ја пронајдоа во убавината, експресивноста и моќта на женскиот поглед.
Еукалиптусот ја претставува сила и карактерот на мирисот!
Мирисот ги комбинира свежите, киселите акорди со цветното срце и базата од скапоцени дрвја. Нотата на еукалиптус, невообичаена состојка за женски парфем, беше избрана да ја претстави сила и карактерот на мирисот.
Актерките Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan заштитни лица на парфемот!
Заштитни лица за новиот парфем се актерките Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan, но и жените на кои тие лично им се восхитуваат: Eartha Kitt и Katharine Hepburn за Lupita, но и Nina Simone и Sissy Spacek за Saoirse.
Новиот Calvin Klein Women ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл како Eau de Parfum.