Hugo Boss лансира нови мирисни изданија од Boss The Scent линијата. Boss The Scent Private Accord за него и Boss The Scent Private Accord за неа на полиците во парфимериите ќе бидат претставени во Август 2018 година. Новите Boss The Scent Private Accord мириси ќе ја откријат “палавата, игривата” страна на Boss актерите.
Boss The Scent Private Accord for Him
Парфимерот Bruno Jovanovic го создаде Boss The Scent Private Accord for Him како дрвенесто-ориентален мирис, најавен како заводлив, мажествен и елегантен.
Препознатливите мирисни акорди од претходните изданија кои вклучуваат ѓумбир и maninka овошје, се збогатени со кафе и какао акорди.
The Scent Private Accord за него ќе биде достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.
Boss The Scent Private Accord for Her
Boss The Scent Private Accord for Her е гурманска верзија на оригиналното издание, сега потпишан од парфимерката Louise Turner. Најавен е како луксузен и сензуален со потемни особини.
Османтусот и какаото од претходните изданија се интензивирани со “афродизијачки” ноти на кафе. Почетната свежина на мирисот ја дава нотата на слатка мандарина.
The Scent Private Accord за неа ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
Нови заштитни лица – Jamie Dornan и Birgit Kos!
Ирскиот актер Jamie Dornan и холандскиот модел Birgit Kos ќе бидат новите заштитни лица на Boss The Scent мирисите.