Alessandro Gualtieri е италијански авангарден парфимер, кој го основаше брендот Nasomatto во 2007 година, како изненадувачки чекор откако се почувствувал ограничен со правила во своите претходни професионални активност. Додека креирал различни мириси како парфимер во повеќе мултинационални компании, Alessandro – познат како „носот“, морал да следи одредени упатства и трендови за тоа што е актуелно, а што не во тековната сезона. Почувствувал како неговата слобода е ограничена и бил вознемирен од тој систем на креирање.

Alessandro Gualtieri Nasomatto

За сите години на креирање го стекнал името „лудиот нос“, затоа што неговите креации секогаш биле смели, создадени од невообичаени формули и состојки. Почувствувал потреба да биде независен и да создаде свој бренд. Името на својот бренд „Nasomatto“ на превод од италијански јазик значи „луд нос“.

Alessandro Gualtieri Nasomatto

Тој не верува во мирисните пирамиди, ниту ги открива состојките кои ги користи. Има целосна почит кон суровините и верува дека откривањето би го донел во заблуда процесот на мирисање. Настојува да го задржи овој пристап во своите креации и смета дека секој треба да го интерпретира парфемот на свој начин, како би станал едно со мирисот. Тој сака мирисот да стане личен и да дава слобода.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASOMATTO (@nasomatto)

Неуспехот води кон промени! Nasomatto Blamage

Рустично врежаната силуета претставува уникатен и неконвенционален мирис. Blamage е мешавина од немудри и несреќни креации предизвикани од лошо просудување и внимание. Кога Alessandro Gualtieri почнал да го создава овој парфем, ставил превез на очите и избрал четири случајни состојки. Резултатот е мирис на бела шума, бреза, кожа и мошус – четири состојки кои предизвикуваат чувство на авантура и егзотични нешта.

Не плашете се да ги прекршите сите правила. Унисекс парфемот Nasomatto Blamage е неверојатен за секој што се осмелува да се истакне од толпата. Тоа е незаменлив мирис за сите кои сакаат необични и впечатливи, карактерни парфеми.

Nasomatto Blamage a bottle and package

Проценете сами!

Мирисната креација на Alessandro Gualtieri, Nasomatto Blamage можете да ја проценете сами во Belodore парфимеријата во склоп на FABUspot Мериот.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име