Создавањето на мат ефект на усните без притоа да се чувствува дехидратација на усните, досега секогаш одземаше многу време. Потребно беше многу трпение и разни техники за да се постигне тој ефект. Но, сега благодарение на колекцијата кармини Velvet Mattes од Max Factor, жените можат во еден чекор да го постигнат сето ова без ниту една потешкотија, а секако да останат во допир со најновите мејкап трендови.

Со Max Factor Velvet Mattes, сега сите правила за мат кармините се кршат!

Кога станува збор за кармини со мат текстура, жените се навикнати дека мат кармините даваат чувство на сувост на усните, но бидејќи се апсолутен тренд тие по секоја цена ги носат секојдневно, иако не се чувствуваат пријатно.

Со колекцијата на кармини Max Factor Velvet Mattes, сега сите правила за мат кармините се кршат. Колекцијата нуди избор на повеќе нијанси, кои иако се мат, истовремено даваат свежина и хидратација кога ги носите.

- Реклама -

До сега, за да го постигнат ефектот на мат изглед на усните, притоа да чувствуваат хидратација и свежина, жените користеа минимум три производи. По нанесувањето на карминот, тие ефектот на хидратација го постигнуваа со нанесување на балсам за усни.

Со  Max Factor Velvet Mattes колекцијата, конечно жените можат да го остварат посакуваниот мат изглед на нивните усни.

Ефект?

Velvet Mattes колекцијата на кармини е специјално создадена да понуди мат финиш, со кремаста, хидратантна формула во составот. За да бидат мат, кармините содржат пудра во прав која исто времено ја суши текстурата. Но за да се избегне непосакуваниот ефект на суви усни, Max Factor во Velvet Mattes колекцијата покрај останатите состојки во составот нуди иновативна формула со навлажнувачки масла.