Долгоочекуваниот Scandal By Night својата мирисна премиера ќе ја има на крајот на месец Август 2018 година. Ова издание ќе биде прва мирисна надградба на новиот парфем на модниот дизајнер Jean Paul Gaultier, гурманскиот chypre мирис на мед, Scandal од 2017 година. Scandal е создаден како мирис на слободниот дух, а новиот Scandal By Night е најавен како ултимативен, разуздан и ослободувачки.
Нејзиниот мирис е потентен, сладок и опоен!
Кампањата ја продолжува приказната за Madame La Ministre, високо позиционирана функционерка преку ден и разуздана љубителка на ноќни забави, која штом ќе падне ноќта го посетува легендарниот кварт Пигал во Париз. Нејзиниот мирис е потентен, сладок и опоен.
Туберозата како нов акорд на композицијата, опојна и слатка!
Новата мирисна композиција направена е како комбинација на букет бело цвеќе, интензивни и гурмански ноти на мед, пачули и дрвенести акорди во базата на мирисот. Мирисната нота на тубероза се јавува како нов акорд на композицијата, опојна и слатка, со топла сандаловина и карамелизирани зрна на тонка во позадина, кои даваат нова димензија на парфемот.
Jean Paul Gaultier Scandal By Night во парфимериите ќе биде достапен во 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.