- Реклама -

Идејата за мат маникир во светот на убавината постои многу години наназад. Големиот бум го доживеа во 2009 година, кога познатиот бренд OPI ја претстави својата линија на мат лакови за нокти, тренд кој беше следен и од други козметички брендови.

Мат надлак – секој сјаен лак го претвора во неговата мат верзија!

Покрај тоа што популарноста на мат лаковите во меѓувреме значително се намали, во парфимериите останаа цврсто да стојат шишенцата со мат надлак кој секој сјаен лак го претвора во неговата мат верзија.

Неговата најголема предност е што на мат маникирот му обезбеди популарност сите овие години и можноста омилената боја на лак да ја носите на два начина: мат или сјајна. Меѓу различните нијанси, сепак најмногу се истакнуваат неколку, кои со мат завршницата добиваат посебен шарм. Светли нијанси, од бела и беж до нежно розова, црвена, црна и сива можеби ќе бидат уште подобри ако ги матирате. Посебно ги издвојувам лаковите со светки на кои мат надлакот им го неутрализира сјајот и му дава гранитен изглед.

- Реклама -

Како да ги направите вашите нокти да изгледаат беспрекорно!

Мат маникирот лесно може да се направи дома, но постојат неколку трикови за да ги направите вашите нокти да изгледаат беспрекорно. По слој на лак за нокти по желба, најдобро е да се нанесе класичен безбоен надлак. Почекајте да се исуши и потоа додадете слој од мат надлак. Со ова ќе избегнете било какви неправилности при нанесувањето што можеби не сте ги виделе, но мат финишот ќе ги истакне.

Зголемената популарност на гел и трајниот маникир со својот сјаен изглед, го стави во сенка мат маникирот, но сега од оваа есен неговиот тренд се враќа. Со надлакот може да си играте и да создавате делови со сјајна позадина или обратно, носејќи освежување на веќе класичниот изглед на вашите нокти, а многу професионални nail артисти предлагаат само еден слој на транспарентен лак и слој на мат надлак на ноктите, кој ќе ги трансформира ноктите во својата природна боја.

- Реклама -