На доделувањето на Cinemacon Big Screen Achievement наградите, кое се случи на 4 април во Лас Вегас, Невада, актерката Charlize Theron изгледаше прекрасно и впечатливо.
Sabrina Bedrani ви ја открива тајната на мејкап изгледот на Charlize и производите што ги користеше!
Мејкап изгледот на Charlize Theron за таа посебна прилика го креираше амбасадорката на брендот Dior, познатата мејкап артистка Sabrina Bedrani. За да го постигнете мејкап изгледот како познатата актерка, Sabrina ви ја открива тајната на изгледот на Charlize и мејкап производите што ги користеше.
Црн вечерен фустан, собрана коса, целосно отворено лице!
„Charlize носеше црн вечерен фустан, косата и беше уредно собрана во пунџа, а лицето и беше целосно отворено. Сакав да ги истакнам нејзините очи и да додадам малку боја која ќе го осветли лицето, но сепак ќе помогне да се зачува свежиот изглед“.
Подготовка на тенот!
„Што се однесува до тенот, прво ја подготвив кожата со Dior Capture Youth Skin Effect Enzyme Solution Age-Delay Resurfacing Water, а потоа нанесов Dior Capture Dreamskin. Веднаш потоа преминав кон изедначување на тенот со Dior Forever Skin Glow #2N и Diorskin Forever Undercover Concealer #20 Light Beige“.
Дефинирање на очите!
„За да ги истакнам и разубавам очите, употребив Dior 5 Couleurs #087 Volcanic, нежно портокалова нијанса на сенка како основа на целиот капак, а потоа бакарно-кафена за надворешниот агол на окото. Изгледот го дефинирав со нанесување на Diorshow On Stage Liner in #091 Matte Black“.
„За истакнување на горниот дел на трепките, користев Diorshow Maximizer 3D и Diorshow Mascara #090 Pro Black“.
Истакнување на усните за крај!
„Сакав да ги истакнам усните на природен начин, така што одбрав Rouge Dior Ultra Rouge #777 Ultra Star“.