Создаден во 1992 година, а официјализиран од Обединетите нации во 2009 година, Светскиот ден на океаните се означува на 8 Јуни. Затоа Јуни стана месец во кој ги прославуваме океаните и нашата сина планета. Поединци и организации за таа цел на глобално ниво ја подигнуваат свеста за создавање на подобра животна средина за генерациите што доаѓаат. Целта на Светскиот ден на океаните е да ги заштитиме океаните од сите видови опасности создадени од човекот, како што е пластичниот отпад, загадувањето и климатските промени.
Бранови на промена – славејќи го морето, нашата постојана инспирација!
Повеќе од една декада брендот La Mer е посветен на мисијата за заштита на морските површини низ целиот свет. Оваа година, ја продолжува мисијата за заштита на морските области преку иницијатива за подигнување на свеста и организација на добротворни донации од La Mer Blue Heart Oceans фондацијата која ќе помогне да се зачуваат водните површини.
Секој може да се придружи на мисијата La Mer Blue Heart и да помогне во заштита на природната околина на океаните. За секој јавен пост во кој ќе се искористат хаштазите #LaMerBlueHeart и #LaMerDonation во текот на месец јуни на светско ниво, брендот ќе донира ќе донира 25 па се до 650 000 долари на фондацијата за да ги поддржи проектите за зачувување на водните живеалишта за идните генерации. La Mer се стреми да се зачува ова место на чуда, каде што приказните добиваат живот, а фантазијата е нескротлива.
Лимитирано издание на Blue Heart Crème de la Mer!
Секоја година La Mer создава своевидна експресија на љубовта кон убавината на морето во чест на поддршката за чување на водите. Оваа година, лимитираното издание е дополнето со присуство на морски алги и корали. Откријте ја богатата, прозрачна текстура со лековита моќ инспирирана од обновливиот потенцијал на морската вода од брегот на островот Ванкувер. Овој производ има за цел да стане предмет на колекционери.
La Mer – бренд инспириран од лековитата моќ на океаните!
Основачот на La Mer, Д-р. Макс Хубер, создавајќи го брендот бил инспириран од лековитата моќ на океаните. Во чест на тоа, La Mer продолжува да го негува неговото наследство, користејќи морски алги рачно набрани од заштитените води на брегот на Ванкувер островот, место богато со нутритивната ретка алга, Miracle Broth TM која лежи во срцето на секој La Mer производ.
La Mer – производите во парфимеријата Anabella Мериот!
Производите на легендарната козметика La Mer можете да ги најдете ексклузивно во парфимеријата Anabella Мериот.