- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со текот на времето вашата кожа ја губи својата природна и здрава боја, но и нејзината сјајност. Кожата на лицето подлежи на промени и влијанија од надворешната средина, а најмногу тоа можете да го забележите во однос на рефлектирањето на светлината од кожата.

Кога клетките на кожата се здрави и витални, тогаш светлината од вашата кожа се рефлектира како од огледало, што ја прави посветла и поздрава. Ако забележите дека кожата ја апсорбира светлина и не се рефлектира од кожата, воедно забележлива е промена на бојата како да станала побледа од порано, ова се знаци на промена во клетките на вашата кожа.

Брзото темпо на живот и неговото влијание врз кожата!

Падот на имунитетот не е единствената последица од лошиот и динамичен живот. Покрај тоа, на вашата кожа можете да ги видите разните влијанија од надворешното опкружување од лош и нездрав начин на живот, но и од лошата состојба на внатрешноста на вашиот организам.

Некои од главните причини за лошата состојба на кожата се:

- Реклама -

#1 Животен стил: пушење, нездрава исхрана, недостаток на сон и физичка активност, консумирање на алкохол…

#2 Дехидрирана кожа: кожата изгледа безживотно и имате непријатно чувство на затегнатост на лицето,

#3 Оштетување на кожата од сонце поради несоодветна заштита,

#4 Стареење

Неопходни чекори за заздравување на уморна и бледа кожа!

Доколку сакате да започнете со заздравување на кожата, ве советувам да го промените вашиот животен стил или барем да вклучите повеќе физичка активност во вашиот секојдневен живот, како и редовно да ја хидрирате вашата кожа без оглед на типот на кожата и во иднина соодветно да ја заштитите кожата од сонце.

Особено препорачувам вашата дневна рутина во однос на хигиената на лицето да се заснова на употреба на мицеларна вода за да ја отстраните шминката и нечистотиите од лицето. На овој начин ќе бидете сигурни дека целосно сте ја исчистиле кожата и сте обезбедиле потребна нега пред спиење.

Мицеларна технологија!

Она што ја прави посебна мицеларната технологија се мицелите, кои како магнети ја привлекуваат целата нечистотија од лицето, која потоа лесно се отстранува со помош на козметички туфер. Значи, нема потреба од упорно триење, притискање или слични процедури. Мицелите го прават сето тоа за вас!

Во продажба може да пронајдете мицеларни води кои се разликуваат според потребите на типовите на кожа. Затоа ве советувам секогаш да изберете мицеларна вода што е наменета за вашиот тип на кожа.

Мицеларна вода со ружина вода!

Најновиот производ од брендот Garnier е Micellar Rose – мицеларната вода со ружина вода, која е наменета за чувствителна и кожа без здрав сјај. Мицеларната вода е збогатена со ружина вода, која е извлечена од цветот на Дамаск розата, што ќе ја направи вашата кожа да зрачи со здрав сјај.

Мицеларната вода со ружина вода ги нуди следниве придобивки:

#1 Отстранување на шминката,

#2 Чистење на кожата,

#3 Дава здрав сјај на кожата.

Розите од кои се добиени активните состојки за Garnier Micellar Rose Water се одгледуваат на различни места како Бугарија, Турција и Иран, што значи дека ружината вода е со природно потекло и дека оваа мицеларна вода се создава со употреба на обновливи состојки од природата.

Покрај тоа, мицеларната вода со ружина вода содржи и глицерин, кој обезбедува интензивна хидратација на вашата кожа. Глицеринот ќе го спречи исушувањето и затегнувањето на вашата кожа и ќе обезбеди повеќечасовна хидратација на кожата, дури до 4 часа. pH вредноста на оваа мицеларна вода е иста како и pH вредноста на обичната вода.

Од брендот Garnier помислиле на сè кога го креирале овој иновативен производ, па така тие се погрижија да ја создадат мицеларната вода со веганска формула.

Дали и вие се борите со кожа без сјај? Пишете во коментари!