Во последниве неколку години, жените ги искажуваат своите сомнежи и скептицизам кога станува збор за убавината. Жените сакаат беспрекорен тен на лицето кој секогаш ќе изгледа природно. Важно е колку добро покрива течната пудра, но истовремено кожата да дише. Битни се резултатите, но се разбира и формулата која го почитува балансот на кожата. Накусо, жените сакаат течна пудра, но „не“ ја сакаат на своето лице!
Што сакаат жените?
Guerlain со течната пудра L’Essentiel на жените им го понуди она што го сакаат: есенцијално, природно и ефективно.
Guerlain L’Essentiel нуди 16 часа сјај со природен финиш и 97% природни состојки. Пудра формулирана со 97% природни состојки, минерални пигменти и активни состојки од морско и растително потекло.
Беспрекорен мејкап финиш е прашање за изгледот на кожата, но и стилот пред сè. Како исполнувач на сите желби, L’Essentiel течната пудра обезбедува свиленкасто-нежна текстура со можност за надоградување и корекции. Нуди гарантирана покривност од лесна до средна без да го изгуби својот брилијантен природен сјај.
Само најдоброто за кожата!
Полна со внимателно избрани состојки од природно потекло, L’Essentiel течната пудра прекрасно ја нагласува кожата благодарение на нејзините ефективни компоненти. Дуото од екстракти добиени од црвени алги и тара гума (добиени од дрвото Тара), овозможува дишење на кожата и заштита од надворешни влијанија. Екстрактот од какао ја хидрира кожата и ја штити од штетната сина светлина. Технологија инспирирана од пробиотици, на кожата ја враќа рамнотежата и ја заштитува нејзината бариера. Хидрирана, избалансирана и заштитена, кожата е многу попријатна, а тенот свеж и изедначен.
Природен финиш за беспрекорен тен и кожа што може да дише!
Покриена со L’Essentiel течната пудра, кожата зрачи со живост и природен сјај. Тенот совршено е изедначен и светол, порите изгледаат помали, а фините линии се измазнети. Совршеноста е тука и постои благодарение на оваа течна пудра. Кожата ја покрива со невидлив слој што и овозможува да дише, а текстурата е пријатна како втора кожа.
Моментален, но и траен резултат!
Нагласен тен и кожа која е поубава секој ден. Веднаш штом ќе нанесете L’Essentiel течна пудра, ја подобрува кожата со својата совршена, природна и брилијантна завршница за моментално совршенство. Но, тоа не е сè! Од ден на ден ги распространува активните состојки за нега на кожата во срцето на епидермисот. Од ден на ден, тонот на кожата е сè повеќе изедначен, порите се помалку видливи, а неправилностите во пигментацијата се намалуваат. Кожата е природно интензивирана. Дури и без шминка, таа е поубава и посветла секој ден. Кожата е убава и е идеална основа за шминка.
30 есенцијални нијанси!
Изборот од 30 нијанси значи дека секоја жена може да ја пронајде онаа која ќе и одговара.
Но, L’Essentiel течната пудра оди уште подалеку: додека ја носите, таа и прави добро на кожата, ја прави уште поубава…