Сите имаме свој омилен фустан во кој секогаш се чувствуваме одлично, вкусни рецепти кои никогаш не нѐ разочаруваат и филм кој секогаш ни го крева расположението. Тоа е оној фактор на добро чувство што го бараме од нашата шминка, особено кога ја бараме најдобрата пудра, затоа што сакаме производ што ќе направи нашата кожа да изгледа сјајна и да се чувствува негувана. Тука доаѓа Estée Lauder Futurist Hydra Rescue Moisturizing Makeup SPF45 Foundation – лесна и хидрантна течна пудра, проткаена со иновативни состојки за нега на кожата, пудра која наскоро може да стане ваш нов миленик.

Futurist Hydra Rescue foundation powder

Кога станува збор за создавање на совршена основа за шминка, посакуваме лицето да се чувствува хидрантно и да изгледа природно и сјајно. Со оваа посебна течна пудра достапна во голем број на различни нијанси, со ладни, неутрални и топли подтонови, секој може многу лесно да го пронајде својот совршен партнер. Пудрата е дизајнирана да создаде изедначен тен, да ги покрие несовршеностите и да обезбеди долготраен сјај до 12 часа. Покрај тоа, можете да ја испробате и алатката за виртуелно тестирање на Estée Lauder пудрите на вашиот мобилен уред за да ја пронајдете вистинската нијанса за себе.

Estée Lauder Futurist Hydra Rescue before and after

Futurist Hydra Rescue ги покрива несовршеностите, но и ја храни кожата!

Покрај беспрекорната покривност, формулата е преполна со состојки кои ја хранат-негуваат кожата. Тие делуваат под површината за да помогнат во хидрирање и смирување на кожата. Водата збогатена со јони интензивно ја хидрира кожата, додека маслото од чиа семе во оваа формула обезбедува одличен извор на омега 3 масни киселини кои дополнително ја хранат кожата. Покрај тоа, пробиотската технологијата помага во балансирање на микробиомот на кожата со што ја смирува и го отстранува црвенилото. Она што е најважно, Futurist има SPF45, кој не само нуди висока заштита од штетните УВА и УВБ зраци, но и помага во забавување на појавата на видливите знаци на стареење, како што се фините линии и дамките на кожата.

- Реклама -

Прајмер, мал чудотворец!

Estée Lauder Futurist Hydra Rescue течната пудра се врти околу прифаќањето на скинимализмот. Ви нуди покривање што го сакате и дава сјај на вашата природна текстура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estée Lauder (@esteelauder)

За дополнителна доза на сјај и хидратација, тука е и новиот Futurist Aqua Brilliance Watery Glow пример од брендот Estée Lauder. Овој мал чудотворец, не само што ја измазнува вашата кожа за убава завршница, туку содржи повеќе од 80% состојки кои ја хранат, хидрираат и се грижат за вашата кожа. Во тие состојки спаѓаат маслото од јојоба, краставица и јачмен. Покрај тоа, неговиот Triple Moisture Complex содржи два вида хијалуронска киселина што ја зајакнува влагата и глицерин кој напорно работи да ја нахрани вашата кожа и помага во создавањето на заштитна бариера од оштетувања предизвикани од околината.

Estée Lauder foundation and primer

Два производи за да се чувствуваме најдобро што можеме!

Кога станува збор за она што го нанесуваме на нашето лице, ние сакаме да изгледаме и да се чувствуваме најдобро што можеме. Futurist Hydra Rescue SPF45 Foundation од брендот Estée Lauder и Futurist Aqua Brilliance Watery Glow Primer длабоко ја негуваат кожата и истовремено обезбедуваат прекрасна, сјајна завршница кон која сите се стремиме.

Estée Lauder products

- Реклама -