Последните зраци на сонцето кое заоѓа, ги милуваат црвените покриви и златните камени фасади, преобразувајќи ја Фиренца во жива симфонија на светлината. Облеана во овој сјај, таа самоуверено чекори по ридот, надгледувајќи го градот, несвесна за восхитувачкиот поглед кој ја следи…
Традициите на Тоскана останаа постојан извор на инспирација!
Најдлабоките корени на Roberto Cavalli лежат во Фиренца, каде е роден и израснат основачот на познатата италијанска модна куќа. До денешен ден, пејзажите и традициите на Тоскана останаа постојан извор на инспирација за луксузниот бренд. И кога брендот одлучи да отвори ново поглавје во историјата на своите мириси, тој нормално дека се сврте повторно кон своето родно место.
Блескава ода за најрафинираните уметности, од скулптурирање до сликање, од архитектура до уредување, Фиренца е исто така позната по нејзините прекрасни цвеќиња. Името Фиренца оригинално потекнува од латинскиот збор Florentia, “цутење, процветување”. Фиренца е град на светлина и радост, кој хармонично ги балансира природата и културата, минатото и сегашноста, раскошот и радоста на живеењето.
Природно елегантна, без напор софистицирана! Roberto Cavalli Florence жената!
Roberto Cavalli Florence жената ја рефлектира оваа прекрасна комбинација од смелост, убавина и сензуалност. Природно елегантна, без напор софистицирана, таа зрачи со шарм и самодоверба. Во секакви околности, таа е привлечна, заводлива, дури и без да забележи. Каде и да помине, нејзиното присуство го осветлува светот.
Сонцето зајде во експлозија од црвена и златна боја. Но, како таа чекори во миризливите градини, светлината како да ја следи, осветлувајќи го патот по кој таа чекори. Интензивирани од ноќта, деликатните мириси на природата ја милуваат нејзината кадифеста кожа и сјајна коса…
Почит кон Фиренца, градот на цвеќињата, создадена е цветна симфонија!
Roberto Cavalli Florence е создаден од страна на мастер парфимерот Marie Salamagne. За да ја создаде оваа chypre-килибар комбинација, таа црпи инспирација од тосканската околина и создава хармонии кои го доловуваат урбаниот амбиент и софистицираност на Фиренца.
Во својата срцевина, блескав и расцветан букет, помешан со нежни цветови од портокал и малку горчливи листови од грејпфрут. Почит кон Фиренца, градот на цвеќињата, оваа деликатна комбинација е истакната со мошусни хибискус семиња, кои додаваат доза егзотичност и мистериозност.
Оваа цветна симфонија е збогатена со благопријатна овошна горна нота, која перфектно ја илустрира великодушноста на Roberto Cavalli Florence. Неговите контрастни ноти од слатка црна рибизла и малку екстракт од мандарина, создаваат чудесна експлозија од живот и енергија.
Мирисот кој најмногу се задржува е играден врз основа на богатата Chypre нота: сензуалниот мошус и блескавиот килибар нудат идеален контраст кон омилениот мирис на Marie Salamagne, хипнотизирачкиот пачули.
Шишенце! Заоблена форма, компактен дизајн и масивно стакло, задоволството е да се поседува овој парфем!
Шишенцето на Roberto Cavalli Florence е извонредна комбинација која ги вклопува класичната елеганција и модерната чувствителност. Поради неговата заоблена форма, компактниот дизајн и масивно стакло, задоволството да се поседува овој парфем, е вистинско. Вдлабнатите страни на уметнички начин ја фаќаат светлината, рефлектирајќи ја како призма. Поставеноста на пурпурното стакло и транспарентните мотиви, додаваат на префинетоста на ова вистинско уникатно шишенце. Дискретниот Roberto Cavalli монограм го краси врвот на фацетираното капаче на шишенцето.
Приказна за фасцинација и желба, која се одвива во тајните градини на Фиренца!
Маѓепсан, тој и се восхитува како што таа чекори во градината. Никогаш претходно не видел таква грациозност и самоувереност. Блескава и заносна, таа е божица која го маѓепсува неговото срце и душа. Не можејќи да одолее, тој чекори кон неа, инстинктивно носен од нејзината внатрешна светлина…
Како секој одличен парфем и Roberto Cavalli Florence има приказна за раскажување. Приказна за фасцинација и желба, која се одвива во тајните градини на Фиренца. Снимен од страна на Nicolas Garnier, филмот ја прикажува Shlomit Malka, заштитното лице на новиот парфем. Младиот модел во подем, Schlomit запрепастува со својата појава, раскошната брановидна коса и прекрасните сино-зелени очи. И што е најважно, таа поседува шарм и природна елеганција која ја дефинира Roberto Cavalli Florence жената.
Елегантен, но сензуален, темно виолетовиот фустан кој таа го носи, е директно инспириран од Roberto Cavalli Florence мирисот и дизајниран специјално да ја долови Florence жената. Додека долгото здолниште потсетува на традиционална балска тоалета, горниот дел од фустанот целосно ги открива голите раце и грб на моделот. Принтот на ткаенината и змиските украси на појасот и на прерамките на фустанот, се верни на Roberto Cavalli универзумот. Овој уникатен фустан е вистински труд на љубовта, кој бара часови рачна работа.
Истакната од овој прекрасен фустан, убавината на Florence жената ја осветлува ноќта, носејќи не далеку од темнината, во светлината…