- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Модниот бренд Roberto Cavalli кон крајот на 2017 година лансираше парфемска линија наречена Florence. Мирисната колекцијата е посветена на корените на модната куќа, инспирирана од тосканските пејзажи.

Првото мирисно надополнување на линијата Florence е наречено Florence Amber. Како и оригиналот Florence, мирисната композиција е создадена од страна на парфимерката Marie Salamagne.

Мирис кој воодушевува со својата сензуалност и ултимативна женственост!

Roberto Cavalli Florence Amber ја прикажува уникатната харизма на Фиренца и ја трансформира во извонреден и заводлив мирис. Обоен во златна боја, за мирисот се вели дека воодушевува со својата сензуалност и ултимативна женственост.

- Реклама -

Мотивите на шишенцето со традиционална италијанска изработка на стакло!

Мирисот Roberto Cavalli Florence Amber го задржува истиот елегантен облик на шишенцето како и неговиот претходник. Мотивите кои го красат шишенцето потсетуваат на традиционалната италијанска изработка на стакло. Жолтата нијанса го рефлектира мирисот кој потсетува на течна светлина.

Харизмата на Фиренца преточена во извонреден и заводлив мирис!

Florence Amber го красат горни ноти составени од лимон, мандарина и чемпрес, а срцевината воодушевува со ноти на дуња, гарденија и кашмир. Композицијата се завршува со основата во која доминираат нотите на мед и пачули.