Ако вашиот парфем е точка на секој моден изглед, постои и друг начин како да го носите омилениот мирис, секогаш со вас во форма на парфем за коса.
Парфем за мирислива коса!
Опојните мирисни ноти од шишенцето на луксузниот парфем Roja Elixir Pour Femme сега се поставени и во парфемска линија за коса, односно во таканаречениот hair mist парфемски производ, кој сега може да го носите на вашата коса.
Roja Elixir Supreme Hair Mist
Roja Parfums додаде ново ниво на луксуз на вашиот секојдневен парфемски ритуал. Мирисот за коса Roja Elixir од Supreme Hair Mist колекцијата е резултат на три годишна работа, каде мирисите се формулирани со внимателно избрани состојки за да ја подобрат мирисната аура на вашиот парфем.
Сепак, парфимираниот Hair Mist се разликува од класичниот парфем, затоа што ако класичниот парфем го испрскате на вашата коса, тој ќе ја исуши и ќе ја оштети, додека парфемот за коса има улога да ја хидрира косата, па дури и да го намали статичкиот електрицитет или создавањето на прекумерен сјај на косата. Во исто време, зад себе остава мирисна трага што секогаш ќе мириса на вашата коса.
Парфем кој ја обвиткува косата со мирислив превез!
Roja Elixir Supreme Hair Mist е парфем кој ја обвиткува косата со мирислив превез и ја прави свежа во секое време. Мирисниот букет од момина солза, јасмин и роза е прошаран со весела малина и праска нектар. Сладоста на овошјето се спојува со егзотичниот ylang ylang и рафинираните акорди на гераниум, овозможувајќи на розата да цвета со сите нејзини кралски убавини. Зачинет со ноти од цимет и додаден нежен здив на ванила, кој доведува до сензуалност на композицијата, свежа и светла перцепција на која е зачувува транспарентноста на љубичиците. Неодоливите акорди на цедаровото дрво оркестрираат симфонија од скапоцени шуми и изнудуваат воздишки.
Мирисот може да го испрскате на четка за коса и така да ја чешлате косата или да го нанесете директно на косата.