- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во последниве години, многу се зборува за штетните ефекти од сонцето, но исто така и за одредени супстанции и соединенија кои се наоѓаат во производите за сончање. Денес доказите за тоа колку еден крем е добар и безбеден може да се мери со неговото влијание врз животната средина. Затоа треба да знаете како да ја изберете вашата крема за сончање што најмногу ќе одговара на вашата кожа, но исто така ќе има поволен ефект врз животната средина.

крема за сончање

СПФ – значење!

Sun Protection Factor – СПФ е „мерка“ која покажува колку долго можете да останете на сонце без да изгорите! Без заштита на сонце може да останете до 10 минути, а со крем фактор 30 до 300 минути, односно 30 пати подолго отколку кога сте без заштита, но само под услов кремот редовно да го нанесувате на кожата. Производите декларирани како СПФ 15 блокираат околу 94% УВ зраци, оние со СПФ 30 околу 97%, а со СПФ 50 блокираат околу 98% УВ зраци. Изложеноста на сонце без заштитна крема доведува до оштетување на кожата и забрзување на стареењето, затоа ве советувам што е можно поскоро да набавите крем со заштитен фактор.

крема за сончање за лице

Како да го користите СПФ факторот!

Препорака на дерматолозите е да се користи СПФ факторот во текот на целата година, но во летните месеци СПФ факторот мора да биде многу поголем – помеѓу 30 и 50. Кремот се нанесува 20-30 минути пред изложување на сонце, со цел да се формира заштитен слој на кожата.

- Реклама -

Ако цел ден сте изложени на сончеви зраци, обновувајте го слојот од заштитен фактор на секои два часа, без оглед на тоа кој фактор го користите, но и после секое влегување во вода. Кремот за тело не го нанесувајте на лице, бидејќи кожата на лицето е многу поосетлива и бара посебна грижа. Во спротивно ќе ја замастите кожата, ќе ги затворите порите и ќе создадете одлична подлога за создавање на мозолчиња. СПФ заштитата задолжително мора да ја нанесете пред шминката, а за усните користете балсам за усни со УВ заштита.

krema za soncanje za telo

Што е потребно да содржи кремот за сончање?

Кога купувате крем за сончање, важно е да изберете крем кој штити од УВА и УВБ зрачење, а таквите креми обично содржат хемиски и минерални филтри. Изберете производи кои содржат минерални филтри кои создаваат физичка бариера на кожата и со тоа обезбедуваат добра заштита, но добриот крем за сончање треба да биде стабилен под дејство на сонцето, да не продира во кожата и да ги одбиваа УВ зраците од кожата.

krema za soncanje

Ова се состојките кои треба да ги содржи вашиот крем за сончање:

Титаниум диоксид – Минерал за заштита на кожата, го блокира ултравиолетовото зрачење и посебно е погоден за чувствителна кожа.

Цинк оксид – Супстанца која создава бариера на кожата и ги одбива UV зраците. Ефикасен, долготраен и посебно популарен поради неговите антивоспалувачки својства.

Авобензон – Обезбедува одлична заштита и речиси не продира во телото.

Mexoryl SX – Блокатор со широк спектар. Тој е водоотпорен, многу стабилен на сонце и не ја иритира кожата.

Ретинол палмитат – Форма на Витамин А кој покрај anti-age својствата ја спречува појавата на изгореници од сонцето.

Витамин Е – Ја заштитува кожата од сончеви зраци, иритација и предвремено стареење.

Глицерин – Штити од надворешни влијанија и го чува здравиот изглед на кожата.

Shea butter – Ја храни и хидрира кожата, ја одржува влагата, го намалува воспалението, помага во создавање на колаген, ги намалува брчките, ја прави кожата понежна и дава сјај.

krema za soncanje