- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Негата на лицето последниве години се повеќе е нагласена, а доказ за тоа е појавата на се поголем број на производи за хидратација, производи против стареење, производи за чистење на лице, но и бјути алатки кои ја поддржуваат нивната примена. Едно такво помагало е ролер за лице. Судејќи според инфлуенсерите и познатите бјути блогери, тој стана важен дел во рутината за убавина.

Во продолжение ви откривам што точно се ролерите за лице, од што се направени, како се користат и со кои производи имаат најдобар ефект.

Што е ролер за лице?

Ролерот за лице е мал двостран валјак кој првенствено се користи за лимфна дренажа, што значи дека овозможува непречен проток на лимфата низ лицето доколку се користи редовно и на исправен начин. Исто така, ја одржува кожата еластична, го зголемува протокот на крв и на тој начин ги намалува видливите брчки и темните кругови.

Ролерот од едната страна има поголем валјак кој се користи за челото, образите и брадата, а од другата е помалиот валјак што е попогоден за областа околу очите, слепоочниците и носот. Ролерот обично има две мазни страни, но може да биде и комбиниран, односно едниот валјак да има мазна површина, а другиот рапава.

- Реклама -

Главно ролерите се направени од природниот благороден камен жад, но може да биде изработен и од розов кварц, аметист, стакло и дрво.

Жадот долго време се сметаше за симбол на чистота и хармонија, затоа според верувањата тој истовремено го прочистува организмот, ја апсорбира негативната енергија и ја забрзува циркулацијата на крвта.

Розовиот кварц се смета дека го ублажува ефектот на штетното зрачење, ги намалува брчките и обезбедува еластичност на кожата.

Најскап и најпопуларен е ролерот за лице од жад.

Ролери за лице од жад!

Ролерите за лице од жад се користат од VII век и потекнуваат од Кина, а последниве години станаа популарни кај нас. Кинеските царици ги користеле за да ја одржат кожата свежа и со младешки изглед, но верувале дека ролерот не само што придонесува за одржување на убавината на лицето, туку и ја исфрла негативна енергија од организмот.

Ролерот од жад ја подобрува циркулацијата на кожата, а за време на масажата малку се затвораат подлабоките пори, со што се намалува можноста за создавање на нови брчки на кожата. Одличен е за употреба наутро за да се намали отеченоста на лицето и последиците од непроспиените ноќи.

Ролер за лице и дерма ролер: Немојте да ги мешајте!

Не смеете да ги мешате овие два вида на ролери за лице!

Дерма ролерот исто како и класичниот ролер за лице се користи за нега на кожата, но за разлика од класичниот ролер тој има ситни иглички кои продираат во кожата и тоа претставува многу поагресивен вид на третман што се прави исклучиво со консултација на дерматолог и функционира на принципот на микротраума која ја стимулира регенерацијата на ткивата.

Исчистете ја кожата пред да го користите ролерот за лице!

Ролерот за лице се користи исклучиво на добро исчистена кожа. Затоа, пред да го користите ролерот, исчистете го лицето со производот на кој сте навикнале, без разлика дали станува збор за пена за чистење на лице, мицеларна вода или само сапун и вода.

Пред употреба, можете да го чувате во фрижидер за да имате целосно чувство на ладење и да го намалите отокот на лицето.

Нанесете серум за лице или масло за лице за најдобар ефект!

Кога ќе нанесете серум или масло за лице во тенок слој, започнете ја масажата со ролерот за лице, сè со цел вашата кожа максимално да го апсорбира серумот. Стимулирајте ја микроциркулацијата правејќи нежни, но цврсти движења со ролерот за лице одвнатре кон надвор. Секогаш започнувајте ја масажата на клучната коска, а потоа продолжете со движења кон коската на долната вилица и брадата, за на крај да го масирате регионот на носот, усните, брадата и областа околу очите.

Доколку се одлучите за Lancôme Advanced Génifique серумот за лице, овој ролер навистина ќе ви помогне вашата кожа да ги апсорбира и длабински да ги прима сите 7 пребиотички и пробиотички фракции на овој серум, за кои е докажано дека помагаат во зајакнување на кожата и забрзано обновување на кожата.

Само 5 минути на ден со ролерот за лице и серум кој помага во зајакнување на кожата ќе ве убеди зошто сите бјути ентузијасти толку многу ја сакаат оваа практична бјути алатка за нега на кожата.

Дали порано сте користеле ролери за лице? Споделете ги во коментари вашите искуства!