Јапонско исцртување на веѓи?
Ако барем еднаш сте претерале со кубење на веѓите, тогаш сигурно знаете колку е тешко да ја вратите несреќно креираната форма на веѓите во посакуваната состојба. Во многу ситуации едноставно нема назад, бидејќи влакненцата на одредени делови на веѓите престануваат да растат. Изминативе децении беа дизајнирани различни техники за решавање на ова деликатно прашање. Од тетовирање до исцртување со трајна шминка… За жал, ниту една од овие техники не ги исполни саканите резултати се додека на сцената не се појави јапонското исцртување на веѓите!
Како некогаш изгледаа вашите веѓи?
Можете ли воопшто да се сетите како изгледаа вашите природни веѓи? Фактот дека немате одговор на ова прашање не би бил воопшто страшен ако веѓите не се сметаа за едно од најмоќните оружја за невербална комуникација. Тие во целост можат да го променат вашиот изглед, да направат очите да изгледаат поголеми, а можат визуелно да го издолжат вашето лице дури и без диета! Понекогаш тенките веѓи беа синоним за убавина, така што прекумерното кубење на веѓите беше речиси задолжително. Денес, кога се стреми кон подебели и прецизно негувани природни веѓи, повеќето од вас го плаќаат цехот на нестручно ракување со пинцетата во младоста.
Се што треба да знаете за оваа техника!
Убави веѓи е нешто што секој од нас посакува, а сé повеќе популарната техника на исцртување на веѓите спаѓа во категоријата на полутрајна шминка. За разлика од тетовирањето каде што веѓите целосно се пополнуваат со боја, јапонскиот метод подразбира исцртување на влакненца едно по едно, така што разликата помеѓу нацртаните и природните тешко е да се забележи. Третманот е речиси безболен, бидејќи бојата се нанесува во површинскиот слој на кожата и иако честопати ќе слушнете дека пигментот е отпорен на надворешни фактори од 3 до 5 години, практиката покажува нешто сосема друго. Различните третмани на лицето, без разлика дали ќе бидете подложени на хемиски пилинг или некој вид ласерски третман на лицето… Сето ова помага да се регенерираат клетките и автоматски се скратува векот на исцртаните веѓи.
5 причини ЗА!
- Дури и оние целосно уништени веѓи, после третманот стануваат совршени.
- Идеално е за оние кои се чувствителни или алергични на шминка.
- Заштедува време, па секое утро може да спиете 10 минути подолго.
- Ги потемнува веѓите и ги прави беспрекорни.
- Веѓите не можат да бидат избришани, а таа предност особено ќе ја почувствувате во теретана, на плажа или базен…
5 причини ПРОТИВ!
- Новата форма на веѓите често не одговара на физиономијата на лицето. А што може да биде полошо од неприродни веѓи?
- По третманот може да се појави црвенило, а тоа не е пријатно. Внимавајте од ризикот да добиете инфекција, затоа одете во проверени салони и одберете професионални лица за кои овој метод е рутински.
- Грижата за веѓите не престанува кога ќе излезете од салонот за убавина. Првата корекција ве очекува по еден месец, а потоа најмалку еднаш годишно.
- Веѓите може да бидат премногу темни, а тоа особено ќе изгледа неприродно за оние со светла коса и тен на лицето.
- Иако цената на третманот варира, бидете спремни да издвоите одреден износ на пари.
Microblading техника!
Освен јапонската се повеќе е барана microblading техниката. Главната разлика е во сечилото со кое се изведува постапката. Влакненцата се уште потенки и се зема во предвид нивната позиција, затоа се постигнува уште поприроден ефект.
Јапонското исцртување на веѓите гарантира дека во наредните две или три години ќе имате совршено пополнети и секогаш исти веѓи, меѓутоа поради промените во трендовите и личните афинитети може да биде проблем. Тоа е уште покомплицирано ако не сте задоволни со новиот изглед уште на самиот почеток. Постапката на “бришење” е тешка и болна, па ако не сте сигурни во чии раце ќе паднете, би било попаметно да се држите до испробаните и проверени методи и производи. Пинцетите, моливите за веѓи и гелот за веѓи со кои ги поправате вашите веѓи дефинитивно нема да се пензионираат долго време.
Три најнеопходни чекори на кои треба да обратете внимание!
Сепак, ако се одлучите за јапонско исцртување на веѓи, ви ги посочувам трите најнеопходни чекори на кои треба да обратете внимание!