Коректорот е мејкап производ кој може да биде нашиот најголем пријател кога станува збор за шминка, но исто така и најголем предавник на неправилностите на лицето, ако не сте многу вешти како правилно да го користите. Дали прво се нанесува пудра, а потоа коректор или обратно, кога ставам зелен, а кога розов коректор…

Има многу конфузија околу коректорот, затоа ви давам 10 совети за правилно користење на коректорот, совети кој никој нема да ви ги каже!

10 совети како правилно да го користите коректорот!

1.Прво коректор, потоа пудра!

Има многу недоумици за редоследот при нанесување на коректорот, но повеќето мејкап артисти ќе ви кажат дека правилно е прво да се примени коректорот на неправилностите на лицето (мозолчиња, темни кругови, депигментација), а потоа течна пудра за да се изедначат. На крај ќе добиете многу природен и мазен изглед на лицето.

2.Кога зелен коректор?

Според правилото за комплементарни бои, зелениот коректор го неутрализира црвенилото на лицето. Покријте ги акните со зелен коректор, но не нанесувајте на потемните делови на лицето, како што се темните кругови околу очите. Зелениот коректор служи само за прикривање на црвенилото. Преку зелениот коректор обавезно со тапкање нанесете коректор со боја на кожата.

- Реклама -

3.Жолт коректор?

Жолтата боја помага да се балансира севкупниот тон на кожата, па користете го на делови од лицето каде што вашиот тен е неизедначен. Жолтата боја на коректорот најдобра е за жените на кои им треба само мало прикривање на одредени места на лицето.

4.Розов коректор?

Исто како зелениот и жолтиот, розовиот коректор ги неутрализира темно сините и пурпурните делови на лицето. Ако имате темно сини подочници или пурпурни флеки од акни, розовиот коректор ќе ги покрие овие проблематични делови. Се разбира, преку него се нанесува коректор во боја на кожа, така што розовиот коректор нема да се примети.

5.Завршен финиш за долготрајност – пудра во прав!

Можеби не сте знаеле, но најголема долготрајност на коректорот ќе добиете со сетирање на коректорот со лесна транспарентна пудра во прав. Ова особено се однесува на зоната под очите. Едноставно, со пуфнеста четка за пудра, нанесете на деловите каде што сте нанеле коректор и ќе постигнете долготрајност на коректорот во текот на целиот ден.

6.Изберете една нијанса посветла од тенот на лицето!

При изборот на течен коректор, секогаш се оди на една посветла нијанса од вашата пудра. Оваа посветла нијанса на коректорот ќе ја осветли темната површина што ја покривате, без разлика дали станува збор за темни кругови, флеки или акни. Сепак, не одбирајте премногу светла нијанса, бидејќи ќе добиете ефект на дух, а ќе изгледа како да имате премногу шминка.

7.Избегнете собирање на коректорот!

Собирање на коректорот (caked-on look) се случува кога ќе нанесете премногу коректор на зоната под очите. Ова често се случува затоа што не користите основа за коректорот. Затоа, под очите секогаш користите база во форма на гел или крем, за да ја хидрирате кожата, бидејќи сувата кожа го прави коректорот да изгледа cakey.

8.Може да биде и прајмер!

За да постигнете вашата сенка целиот ден да биде со полн интензитет на очниот капак, прајмерот е од суштинско значење, особено ако носите шминка цел ден или ноќ. Поради својата текстура, коректорот ќе послужи како мазна основа која ќе го спречи “лизгањето” на сенката на очниот капак, а истовремено ќе ја подобри пигментацијата и ќе ги направи боите за изгледаат живо, бидејќи ја неутрализира природната боја на очниот капак.

9.Секогаш употребувајте сунгер!

За рамномерна дистрибуција, нанесете коректор под очите на пет точки. Со помош на сунѓер, нежно изблендирајте го коректорот на кожата. Нанесувањето во точки ќе спречи собирање на коректорот и создавање на линии.

10.Коректорот ги елиминира мејкап грешките!

Ако сте направиле грешка при нанесување на маскара или туш за очи, едноставно со малку течен коректор “исчистете” и истовремено покријте ги грешките при шминкањето!