Ова е приказна која раскажува за страста во однос на вкусовите, животот и емоциите. Ова е приказна во која победува љубовта кон сето она што е италијанско и со највисок квалитет. Приказната во чест на оние кои истражуваат за нешто, во боја, во линија или арома, што може да предизвика бурни чувства и да ги допре во срцето. Истото срце што illy и Collistar го имаат вложено во сè што прават, а кое ја симболизира  нивната заедничка работа. Симболот на оваа приказна, приказна за љубовта, убавината и кафето.

Страствена колекција која е наменета за љубителите на убавината!

Проектот Ti Amo Italia застанува на своето патување и претставува интензивна и страствена колекција која е наменета за љубителите на убавината, добриот вкус, уметноста и високиот квалитет.

Козметички состојки со емотивниот мирис на кафето!

Колекцијата комбинира неверојатно сензорни квалитетни козметички состојки со емотивниот мирис на кафето, донесувајќи интензивни темни нијанси со многу пријатни текстури.

Формулата на колекцијата обезбедува совршена долготрајна шминка, полни и мазни усни, продолжено навлажнувачко, заштитно и anti-age дејство.

Линијата Coffee е калеидоскоп на топли кафени и црвени нијанси кои се интензивни, но во исто време сјајни.

- Реклама -

Пудри, лакови за нокти, кармини…

Секој производ е сместен во бела амбалажа со декоративни елементи во црвена боја, бидејќи тоа е бојата на логото illy, додека белата боја ја претставува култната шоља за кафе.

Главната улога е доверена на нежното срце дизајнирано од Max Petrone, кое симболизира возбудлива и незаборавна страст.

Bronzing пудра!

Ова е ѕвездата на колекцијата. Bronzing компактната бронзена пудра е со богата пигментација, бојата лесно се нанесува, а највпечатливо е релјефно срце и печатот на двата бренда. Постојат две нијанси. Сакате средна или потемна боја? Светкав-бисерен ефект или бронзено-сатенски ефект?

Управувајте со бојата на вашиот тен според вашите лични желби. Оваа неверојатно лесна и повеќенаменска пудра може да се користи за рамномерно покривање на лицето со природно исончана боја, 365 дена во годината. Исто така е идеален коректор и производ за обликување и истакнување на убавите црти на лицето.

Палета со 4 сенки за очи!

Палета на сенки за очи е во две комбинации на бои, caffè freddo и caffè caldo. Четири сенки во четири нијанси со различни текстури, од мат до сатенски и бисер ефект. Сите бои се во нијанса на печено зрно кафе.

Tattoo молив за веѓи!

Следејќи го примерот со најновите мејкап трендови, Collistar претстави молив за веѓи, што благодарение на своите единствени својства, предодреден е да стане алтернатива за тетовирање на веѓи. Моливот исто така дава многу прецизни резултати, бидејќи како тетоважата природно ги обојува деловите кои се проретчени. Достапен е во три нијанси: cappuccino, moka и ristretto.

Професионален туш за очи – eyeliner!

Благодарение на многу тенката четка, професионалниот туш за очи исцртува сензуална линија во особено интензивна нијанса на кафе и го прави погледот магнетски.

Кармин за усни Puro!

Пред огледало, како во најомиленото кафуле! Пет нови бои се створени за Puro карминот, именувани по најпопуларните кафе напитоци: cappuccino, caffè macchiato, espresso, moka и ristretto, со бои кои се движат од црвена до кафена.

Маслен лак за нокти!

Collistar лакот за нокти од Coffee линијата, доаѓа во пет нијанси. Најнежната е latte macchiato, додека ristreto е најтемна кафена, иста боја како зрното кафе. Тука се уште и caffè macchiato, espresso и moka, сите нијанси на црвено со подтон на мока.