Lancôme Paris го претстави новиот L’Absolu Rouge Drama Matte кармин. Најновата интерпретација на исконскиот L’Absolu Rouge дебитира во 12 свежи мат нијанси и доаѓа со ветување за долготрајност и удобност при носење на усните, во комбинација со богати и колоритни нијанси.
Иновативна формула која не само што ги бои усните, туку ги одржува меки и влажни!
За разлика од повеќето традиционални мат кармини, L’Absolu Rouge Drama Matte карминот се базира на нова иновативна формула која не само што ги бои усните, туку ги одржува меки и влажни. Формулата е толку густо пигментирана што останува на усните цел ден и кога на крај ќе се истроши, ги остава вашите усни убаво замачкани, што е еден од нај кул трендовите оваа есен.
Penélope Cruz – заштитно лице на промотивната кампања!
За да го направи ова лансирање уште поексклузивно, Lancôme одлучи да понуди три од легендарните нијанси: – 157 Obsessive Red, 388 Rose Lancôme и 507 Drama’Atic – во елегантни пакувања во боја, но за жал само во ограничена серија.
Промотивната кампања која веќе започна е предводена од Penélope Cruz.