- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Што се однесува до трендовите во уметноста на ноктите, оваа сезона можеме да погледнеме во природата, бидејќи сите бои кои не опкружуваат ќе бидат апсолутен хит на нашите нокти! Така оваа сезона преовладуваат ведрите и весели нијанси – пастелно розова, сина, виолетова, жолта… Тоа се оние бои и дезени кои го подобруваат расположението и носат насмевка на нашето лице.

лак за нокти

Ви ги претставувам најинтересните маникири за оваа сезона.

#1 Пролетни цвеќиња!

Цветовите веќе не се само во паркот пред зградата, сега се и на ноктите. Со малку имагинација можете да креирате разни интересни дизајни со тема – бели маргаритки, љубичици, лалиња… Кога креирате таков детален шаблон на ноктите, најдобро е да користите четка со топчест врв. Цветовите можат различно да се позиционираат на ноктите, а основата може да биде неутрална, темносина, црвена…

нокти пролетни цвеќиња

- Реклама -

#2 Жолто под сонцето!

Жолтата е симбол на топлина, боја која автоматски носи насмевка на вашето лице и најавува подобро време. Без разлика која жолта нијанса ве инспирира и ве прави среќни, одберете ја и нема да погрешите! Секако, сите жолти нијанси ќе бидат во тренд оваа сезона – темна, светла, окер, сенф, путер или мед.

нокти жолто под сонцето

#3 Софистицирана виолетова!

Мирисот на расцутениот јоргован кој ги исполнува ноздрите е тука за да ве потсети дека сите нијанси на виолетовите лакови се повеќе од добредојдени. Нежните бои на лаванда, љубичица и јоргован покрај очигледната убавина делуваат смирувачки, што им дава посебен шарм и софистицираност на ноктите.

нокти софистицирана виолетова

#4 Мулти-маникир!

Ако не можете да се одлучите за една нијанса на лак – нема проблем, само комбинирајте ги. Резултатот е фантастичен!

мулти маникир

#5 Француски маникир во боја!

Францускиот маникир е безвременски тренд кога станува збор за нокти, но сега е идеално време за експериментирање. Затоа, заменете ја и онака малку „досадната“ бела боја со посветла и повесела нијанса.

француски маникир во боја

#6 Розова бајка!

Одличен избор за сите оние кои сакаат да „пркосат“ на тешките времиња со ситници. Па, барем да си ги обоиме ноктите во некоја од бајковитите розови нијанси и да будиме само убави мисли. Пинк маникир ќе биде апсолутен хит!

нокти розова бајка

#7 50 нијанси на сино!

Кога станува збор за нијанси на сина боја, пастелно сината и кралската сина се најдобриот избор. Овие нијанси испраќаат порака дека сте супер кул и доволно самоуверени за да носите кралска боја на вашите нокти. Токму овие нијанси на лак за нокти ги избираат повеќето дизајнери за своите модели во сезоната што претстои.

нокти 50 нијанси на сино

#8 Мулти-нуд!

За сите оние кои се уште не сакаат да одат во салони и кои не сакаат премногу да се занимаваат со ноктите, им ги препорачувам сите нуд нијанси. Природни и ноншалантни, но сепак уредни, ефективни и доволно освежувачки.

мулти нуд