- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали постојат парфеми кои одговараат на секое расположение?

Избор на мирис?

Дали знаете кои парфеми имаат моќ да не однесат барем за момент на некое друго место, во друго време, па дури и да влијат на расположението. Познато е дека парфемот може да има антистресно дејство, може да не смири и да го подигне расположението – доволно е само едно прскање на зглобот од раката. Парфимерите не произведуваат парфеми само за да мирисаме убаво, туку градат цела приказна околу мирисот и за расположението што најмногу одговара. Бидејќи имаме тенденција да менуваме парфеми, направив избор за секое расположение. Пронајдете се себеси во моменталното расположение во еден парфем, или неколку од нив.

Расположение: Summertime Sandness

Не знам дали Lana Del Rey мириса по овој парфем, но ако сте носталгични и сепак не прифаќате дека безгрижните денови полни со сонце се зад вас, раскошната арома на Lancôme Idole парфемот ќе ви биде од корист. Самиот мирис го носи оној допир на свежина што и е потребен на секоја жена за нов, убав, инспиративен и динамичен ден. Парфемот се отвара со нотите на бергамот и круша, во срцето доминираат турската и мајската ружа проследени со индискиот јасмин кој на некој начин го отсликуваат Lancôme како бренд. Во основата парфемот се затвара со нотите од бел мошус и ванила. Мирисот е достојна замена за трепетлив летен фустан.

Lancôme Idole парфем за жени (цени од 3,410 денари)

Расположение: Прекрасни денови!

Конечно прекрасни денови, го облекувам мојот омилен, мек плетен џемпер, ставам капа на главата и пијам топол напиток. Костени, мирис на топлина, прекрасното чувство ќе биде комплетно со Boss Alive, со неодоливите ноти на ванила и цимет. Alive е дизајниран да ги инспирира жените да го живеат животот до максимум секој ден. Мирисот се развива преку ноти на енергетско јаболко, остар мирис на црна рибизла, слива, како и топол цимет, кој го потсетува оној што го носи дека животот најдобро се живее динамично. Природната мадагаскарска ванила, станува маркер на парфемот, симбол на joie de vivre (радост на живеењето) кој Alive жената го поседува.

Boss Alive парфем за жени (цени од 2,855 денари)

Расположение: Дали можеме да ги спакуваме куферите?

Парфемот Giorgio Armani My Way е егзотична мешавина од бергамот од Италија, цвет од портокал од Египет и тубероза и јасмин од Индија. Ние сме ограничени кога станува збор за патувањата, но ако копнеете по нив, оставете мирисот да ве однесе да ги истражувате неоткриените страни на светот.

- Реклама -
Giorgio Armani My Way парфем за жени (цени од 3,980 денари)

Расположение: Спремна сум да го освојам светот!

Мирис за инстинктивна, дива и слободна жена, спремна да го освои светот. Култната композиција на мирисот Libre Intense, единствениот спој на француска лаванда во комбинација со женствени сензуални ноти на цвет од портокал. Интензивноста на мирисот е благодарение на флоралната срцевина, каде се судруваат нотите на цветот од портокал и нежната нота на орхидеја. Мирис e како врисок на потполна слобода, слобода да се живее живот без правила.

Yves Saint Laurent Libre Intense парфем за жени (цени од 4,510 денари)

Расположение: Дома е најубаво!

Дали повеќе сакате да останете дома, да ги носите омилените пижами и свилена наметка и да поминете пријатна вечер во фотелјата со добар филм или книга? Доза на заводлив шик мирис совршено се вклопува во таа атмосфера и се наоѓа во шишето со парфем Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privee. Белиот мошус, јасмин и ливчиња од роза ја носат домашната атмосфера на ново ниво. Мирис создаден за носење како елегантен ритуал пред спиење!

Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privee

Расположение: Дали вечерва ќе излеземе?

Кога расположението ќе ви биде спротивно од горенаведеното и ќе ви се разбуди желба да излезете навечер, ви препорачувам доза на Tom Ford, човек кој знае се за гламурот и добрата забава. Дали Tom Ford Black Orchid ќе ја задоволи вашата желба да излезете надвор… или ќе ве охрабри?

Tom Ford Black Orchid парфем за жени (цени од 6,580 денари)

Расположение: Подготвена за нови предизвици!

За амбициозните и сите што се спремни за нови предизвици, Valentino има нов парфем Voce Viva, кој со својот мирис дава дополнителна самодоверба. Гарденија, цвет од портокал и мандарина во мешавина со бергамот за почеток на денот се идеална комбинација. „Биди свој, сакај се и никогаш не се откажувај од своите соништа“, изјави Lady Gaga која е заштитно лице на овој парфем.

Valentino Voce Viva парфем за жени (цени од 4,210 денари)