Создаден од британскиот парфимер Roja Dove, Roja Parfums во светот е признат како најлуксузен светски бренд за парфеми.
Само најдоброто е доволно добро!
Парфимерот Roja Dove е еден од најценетите светски стручњаци за парфеми. Неговото искуство, страст и креативен полет се проткаени во сите негови креации, кои пак се резултат на неговото мото – „Само најдоброто е доволно добро“.
Есенции – повредни од чисто злато!
Roja Dove е познат по тоа што за своите мирисни креации користи само најквалитетни и најскапоцени есенции. Од легендарната роза – Rose de Mai, неодоливиот јасмин – Jasmine de Grasse до природниот амбергрис – Ambergris, сите вредни повеќе од чисто злато!
Кутии обложени со свила и капачиња со 24 каратно злато и Swarovski кристали!
Луксузните и рачно изработени кутии обложени со свила и капачиња украсени со 24 каратно злато и Swarovski кристали, каде секој детал е направен без компромис бидејќи станува збор за квалитет и цена. Секој мирис е создаден во Англија, а Roja Parfums е вистински доказ за убавината на британската парфимерија.
Најпрефинет нос на светот!
Roja Dove е подеднакво добро познат по неговиот креативен парфемски стил, а американското списание „GQ“ го нарекува „најпрефинет нос на светот“, а The New York Times го смета за „мастер кројач на мириси“. Кога станува збор за луксузни мириси, никој не може да се спореди со Roja Parfums.
Раскажуваме приказни, но не користиме зборови!
„Верувам дека парфимерот е поет или раскажувач кој создава опипливо од неопипливото, апстрактни слики кои ја погодуваат нашата срж. Ние сликаме слики, но едноставно не користиме боја! Ние раскажуваме приказни, но не користиме зборови! Наместо тоа, им овозможуваме на есенциите да ги изразат нашите идеи, нашата визија, користејќи го јазикот на парфемите” – објаснува Roja
Ова убедување е проткаено низ секој раскошен мирисен еликсир. Мирисите на Roja Parfums се стилски, современи и направени да траат, сеќавајќи се на луксузот од минатото, истовремено предвидувајќи ги очекувањата на иднината.
Совршен парфем за секого!
Концептот за Roja Parfums е едноставен – тие веруваат дека создале совршен парфем за секого, а нивната палета на мириси му овозможува на клиентот да го најде совршениот мирис.
Roja Parfums како предводник на уметничките иновации!
Rolls Royce, Laurent-Perrier, The Four Seasons, Fabergé и The Macallan се само некои од најпрестижните брендови во светот кои го препознаа луксузниот стил на Roja Parfums. Соработката со нив го потврдува местото на Roja Parfums како предводник на уметничките иновации во Англија.
Меѓународниот успех на Roja Parfums, во комбинација со креативноста и неуморниот нагон на нејзиниот истоимен творец, доведе до тоа Roja да биде назначен од страна на владата како амбасадор на Велика Британија – кампања која го слави најдоброто од британското занаетчиство и иновации.
Roja Parfums – ексклузивно во парфимеријата Анабела Мериот!
Најлуксузниот светски бренд за парфеми Roja Parfums можете да го најдете во парфимеријата Анабела во хотелот Мериот во Скопје.