Францускиот бренд Juliette Has a Gun го лансира својот најнов мирис Lili Fantasy, нудејќи совршената средба помеѓу гума за џвакање, јасмин и килибар, акорди што се издвојуваат во композицијата.

bouket

За оваа најнова композиција, ја замислив безгрижната Juliette како меурче од шампањско, несериозна и непослушна. Хероина која има вкус за секое задоволство: примамливо како низа раскошни слатки, таа е таа која го води танцот…“, вели Romano Ricci.

Romano Ricci

Мирисен виор што ќе го објави вашето доаѓање!

Мирисот, екстравагантен коктел од бели цветови и килибарни ноти, зачинет со гурмански пресврт на гума за џвакање. Мирисен виор што ќе го објави вашето доаѓање… и ќе остане зад вас како мирисна патека откако ќе заминете!

- Реклама -

Juliette Has a Gun new fragrance

Влезете во танцот!

Се вели дека зад кадифените завеси се случуваат најнеобичните приеми во градот. Нивната домаќинка, кралицата на париските ноќи поканува своја селекција на гости кои ќе сведочат на спектаклот на нејзините фантазии. Под сјајот на лустерите, среде пенливиот шампањ и дијаманти, таа танцува брзо во ритамот на нејзиното срце. Единственото правило на нејзините гости е: дека нема правила. Доколку некогаш бидете поканети, не заборавајте да ја облечете својата најубава облека и да бидете ништо помалку од прекрасни!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliette has a gun (@juliettehasagun)

Премногу е одличен за да се грижиш!

Гласини се дека Juliette, нашата омилена кралица на париските ноќи крие тајна. Таа има име. Lili Fantasy! Скандалозен мирис, интригантен букет од бели цветови, ноти на килибар со нежна доза на мирис на гума за џвакање.

Lili Fantasy visual

Конечно го изговара своето име… Lili Fantasy!

Шишето што го содржи нашиот енигматичен еликсир неверојатно е забележливо. Се вели дека овој скапоцен камен во виолетово ја открива својата боја низ транспарентноста. Извезено во сребрена нијанса, конечно го изговара своето име… Lili Fantasy.

Lili Fantasy bottle

Гласините се потврдени!

Но, сепак вистинскиот идентитет на кралицата на париските ноќи останува мистерија.