Летото и долгите топли денови се пред нас, а со нив неизбежна е топлината која најмногу се рефлектира во секојдневната рутина за убавина. Затоа, сите се обидуваме да користиме што е можно помалку козметички производи. За кожата на лицето полесно да дише, тешките слоеви се менуваат во полесни и прозрачни текстури. Еден од омилените сојузници во топлата сезона секако е ББ кремот кој доаѓа на местото на класичната течна пудра.
Секогаш бирајте ББ крем со заштитен фактор!
ББ кремот е совршен избор за лето бидејќи истовремено ја негува кожата, ја навлажнува и ги прекрива ситните неправилности на неа. ББ кремот е добар избор за разни типови на кожа, а при купување секогаш внимавајте кремот да содржи заштитен фактор од УВ зрачење.
Најголемата придобивка од ББ кремите е таа што тие се многу лесни за нанесување и кожата може да дише. За нормална или мрсна кожа може да се нанесе само слој од ББ крем, додека за сува кожа ББ кремот може да се комбинира со хидратантен крем кој вообичаено го користите. Со користење на ББ крем кожата ќе ви биде благодарна, бидејќи освен што го покрива црвенилото и ситните неправилности, има богата формула која ја штити и ја храни кожата. За вас избрав неколку омилени, кои ќе бидат неизбежен дел од летниот козметички несесер. Се надевам дека барем во топлите денови од тронот ќе ја симнат незаменливата течна пудра.