Новиот машки мирис на модниот бренд Moschino во парфимериите се појави од јули 2019 година. Toy Boy е првиот мирис за мажи дизајниран од креативниот директор на брендот Jeremy Scott и ја следи мирисната линија Toy, започната со унисекс изданието од 2014 година, надополнета со Toy 2 мирисот за жени од 2018 година.
Toy – мирисна приказна преку иронична призма!
Toy мирисната линија ги толкува мирисите и модата преку иронична призма. Новиот машки мирис Toy Boy е наменет за уникатни, динамични и страсни мажи кои не се плашат да ја откријат својата нежна и игрива страна.
Композиција – зачинско дрвенеста!
Зачинета и дрвенеста композиција со мирислив вовед на цитрус, овошје, смола и зачини. Срцето на мирисот вклучува цветни акорди на магнолија и роза во комбинација со зачински каранфилчиња, врз дрвенеста основа и мошус.
Шишенце – препознатливата Moschino мечка!
Легендарната Moschino мечка е лакирана со непроѕирна црна боја на препознатливото шишенце на новиот мирис.
Jhona Burjack – заштитно лице на парфемот!
Заштитно лице на парфемот Moschino Toy Boy е бразилскиот модел Jhona Burjack, додека фотограф на рекламната кампања е Giampaolo Sgura.
Новиот Moschino Toy Boy е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.