- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Едноставна, практична, неформална, а сепак многу прилагодлива и погодна за сите оние ненадејни ситуации во кои ви е потребна инстант трансформација – опуштената пунџа дефинитивно е хит фризура оваа сезона! Неправедно запоставена, пунџата конечно го доживеа својот голем „come back“ и сега е на самиот врв на трендовски фризури.

Постојат десетици, ако не и стотици начини да се направи – од оние за балерини, преку украсени со разни додатоци, со локни или плетенки, па сè до оние опуштени кои во моментов се апсолутен хит. Пунџите можат да се комбинираат со широк спектар на облека и стилови, брзо и лесно се прават и подеднакво се забележани во елегантни, но и во секојдневни изданија.

Што да се нагласи?

Фантастична, практична, едноставна и убава – опуштената пунџа буквално е фризура за секоја пригода! Ќе ви треба само четка, една до две гумички – по можност силиконски, транспарентни и неколку шноли за да изгледа апсолутно совршено! Со совршено стилизирана коса, потребно е да имате совршена шминка!

Ако веќе сте одлучиле да го „отворите“ лицето и да ја покажете вашата убавина, важно е да знаете што треба да нагласите!

- Реклама -

Усни што пленат!

Апсолутно бидете сигурни дека без оглед на приликата, никогаш нема да направите грешка ако покрај опуштена пунџа, нанесете впечатлив црвен или бордо кармин! Изберете нијанса која најмногу одговара на вашиот тен и задржете се на мат формула, бидејќи само така успешно вашите усни ќе одолеат на топлината и ќе останат постојани.

Истакнатите усни бараат дискретни, неутрални сенки за очи и два слоја на маскара за волумен и издолжување. Така ќе постигнете совршена хармонија, без разлика дали сте облечени во фармерки и кошула, во тесен или разигран летен фустан!

Уште нешто, ако сте вешти во шминкањето, слободно повлечете тенка линија со туш за очи на очните капаци и исцртајте ги усните со молив во иста нијанса како карминот.

Навистина изгледајте прекрасно!

Со фризура што го отвора вашето лице ќе посакате природен мејкап изглед! Во тој случај нагласете го беспрекорниот, сјаен и младешки тен. Со коректор ќе обезбедите покривање на сите помали недостатоци, а свежината на лицето ќе ја обезбедите со BB крем или тенок слој на течна пудра.

Очите исцртајте ги со туш, smokey-eye во бронзени нијанси и повторно многу маскара. Нанесете сјај на усните, хајлајтер на образите и во аглите на очите, што ќе направи навистина да изгледате прекрасно!