Производите на култниот бренд Origins се достапни во Македонија. Се работи за еко-шик козметички бренд кој во последниве неколку години се стекна со култен статус, а дел е од групацијата Estee Lauder Companies.
Ексклузивно во Cosmo парфимериите!
Производите од овој must-have бренд можете да ги пронајдете во Cosmo Zebra и во Cosmo City Mall.
Сега секој ќе има шанса да испроба некој од нивните бестселери по кои најпрво лудуваа зависниците од убавина, а потоа и сите други.
Кои се must-have производите!
Must-have производи кои дефинитивно се издвојуваат се производите од Ginzing линијата и маските кои се нивен заштитен знак. Една од маските е – Clear Impoverment Active Charcoal – маска за длабока детоксикација на кожата и моментално е #1 маска во Америка, а на Instagram не престанува да се зборува за неа.
Исто така, во овој прекрасен бренд ќе најдете производи кои не треба да ги заобиколувате – High-Potency Night-A-Mins™ Resurfacing крем со АХА овошни киселини, пилингот за лице – Never A Dull Moment збогатен со коски од семенки од манго и кајсија или нежното масло за чистење на лицето – Clean Energy збогатено со екстракт маслинки и сончоглед и со есенцијални масла за будење на енергија; портокал, грејпфрут и лимон.