M2 Beauté се смета за специјалист помеѓу луксузните брендови на убавина чиј фокус е ставен на иновативни козметички производи што ја максимизираат и оптимизираат природната убавина. Предводници на брендот се производите кои што содржат револуционерни состојки добиени од биохемиски истражувања. Се засноваат на истражувања, вклучуваат ефекти на молекулите и се засновани на активирање на сопствениот потенцијал за раст и регенерација на телото. M2 Beauté производите преставуваат вистинска замена за конвенционалните, конзервативните и понекогаш инвазивни третмани наменети за нега. M2 Beauté производите треба да се користат како додаток на постоечките ритуали за нега и убавина.
Производи за нега на очите во 3 чекори – подготовка, зајакнување и нега!
Oil-free eye make-up remover
Oil-free eye make-up remover (EMR) е отстранувач на шминка за пределот околу очите, не содржи масла и ја негува кожата. Анти-инфламанторен и хидрантен производ, наменет за чувствителна кожа. Одлично ја подготвува кожата пред нанесување на серумот за раст на трепките. Формулата без масло спречува затворање на порите и подуеност во пределот околу очите. Меѓу другото, содржи и хијалуронска киселина која што ја подобрува хидратацијата на кожата, додека Д-пантенолот покрај хидратацијата има антиинфламаторно дејство. Ацетил тетрапептид 5 го намалува појавувањето на подочници, надуеност и темни кругови во пределот на очите. Идеално време за нанесување е навечер пред употребата на Eyelash Activating Serum (EAS) и Eyebrow Renewing Serum (BRS). Овој производ не содржи масла и нежно ја чисти областа околу очите. Помага за целосно да се искористи потенцијал на серумот за трепки и веѓи. Ја зајакнува кожата и ја прави поздрава, посветла и помлада. Практичен е за патувања – во прилог на шишето содржи сет од 7 кесички за индивидуална употреба. Производот е дерматолошки тестиран.
Eyelash Activating Serum
Eyelash Activating Serum е активен серум за погусти, подолги и посилни трепки. Комбинација на импресивно ефикасниот MND (metalamido dihidro noralfapostal) комплекс и компонента за нега на кожата. Трепките се видливо подолги, погусти и посилни после 6 до 12 недели користење на производот. Максималните резултати се постигнуваат после 12 недели. Пределот околу очите станува поотворен и посветол. Ефектот е природно убави очи, посилни, подолги и погусти трепки, потемни и пофлексибилни трепки.
Еyebrow Renewing Serum
Еyebrow Renewing Serum е активен серум за погусти и негувани веѓи. Комбинација на ефикасниот MND комплекс и компонента за нега на кожата. MND ги зајакнува и продолжува веѓите, ги пополнува празните места и ги враќа веѓите во нивната природна должина и форма. Содржи масло од црно море кое го подобрува природниот ефект на раст на веѓите. Веѓите се значително поголеми, погусти и посилни после 6 до 12 недели користење. Максималниот резултат се остварува после 16 недели.
Eyezone Conditioning Care Complex
Eyezone Conditioning Care Complex е иновативен и богат балсам за формирање на сјајни и здрави трепки и веѓи. Го зголемува формирањето на колаген и спречува исчезнување на хијалуронската киселина. Ги храни и хидрира веѓите и трепките и на тој начин им дава дополнителна флексибилност и зајакнување. Содржи активни состојки на акаи бобинки. Секојдневно се нанесува, наутро на чисти и суви веѓи и од коренот на трепките до самиот врв. Може да се користи како база за маскара, но и за нега на трепките. Чешелот за трепки помага за лесно одделување на трепките, за да се искористи нивниот целосен потенцијал. Сето тоа благодарение на специјално дизајнираната ергономската рачка, изработена од најквалитетната пластика, со полукружен чешел од нерѓосувачки метал.
3 Looks Black Nano Mascara
3 Looks Black Nano Mascara е производ кој помага трепките да станат уште подолги, поцврсти и поцрни. Со помош на трите различни четки, трепките можат да се оформуваат на повеќе начини.
Производи за нега на лицето!
Ultra Pure Solutions – Hyaluron & Collagen Facial Nano Spray
Ultra Pure Solutions – Hyaluron & Collagen Facial Nano Spray ја ревитализира проблематичната кожа и ја обновува, давајќи и младешки изглед, еластичност и цврстина. Екстремно ефективните состојки ја прават кожата мазна, ја хидрираат и го овозможуваат процесот на регенерација на кожата.
Состојки: ресвератол, хијалуронска киселина, витамин А, еластин, прочистена вода, хеликоп тип 1 колаген.
Vitamin C Facial Nano Spray
Vitamin C Facial Nano Spray ја храни кожата со висока концентрација на витамин Ц, ја негува и дава влажност. Ја обновува и штити од слободните радикали, со што кожата станува уште поцврста.
Состојки: Аскорбинска киселина (Витамин Ц), прочистена вода.
Pearl & Gold Facial Nano Spray
Pearl & Gold Facial Nano Spray ги решава проблемите со изразени несовршености на кожата и ги осветлува видливите пигменти. Преставува комбинација на активни состојки и состојки за нега на кожата, враќајќи го вашиот природен изглед, сјај и негуван изглед.
Состојки: MSKS2 (metil sulfatni metan + srebro), бисер во прав, прочистена вода, злато.
Cu-Peptide & Vitamin B Facial Nano Spray
Cu-Peptide & Vitamin B Facial Nano Spray со присуството на витамин Б, бакар и пептиди ја прават кожата еластична, создавајќи заштитна обвивка, ги зајакнува слоевите на кожата. Се нанесува на чиста кожа, најдобро е наутро и навечер за да се остварат најдобри резултати. На растојание од 10цм се нанесува на лицето 2 до 3 пати и се остава да се исуши.
Состојки: бакарен пептид, полимотол -трипептид, полимитол – олигопептид , Витамин Б2, Витамин Б3, Витамин Б6, прочистена вода.