- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Зборувајќи за квалитетна шминка, сè започнува од подлогата. Секако, во позадина се подразбира соодветна нега на лицето и редовна рутина за убавина, но кога станува збор за декоративни производи, прајмерот е мејкап производ поради кој шминката на вашето лице ќе трае долго и ќе изгледа беспрекорно. Првично, прајмерите имаа за цел само да ја продолжат издржливоста на шминката на лицето што е можно подолго, но како што одминува времето, козметичките брендови ги донесоа формулите до совршенство, така што сега може да го пронајдете идеалниот производ за вашиот тип на кожа, нејзините несовршености и посакуваниот ефект што сака да го постигнете.

Прајмерот е најдобар сојузник на мрсна кожа затоа што тоа е тип на тен каде што добрата шминка најбрзо „исчезнува“ заради зголемените пори, но и поради создавањето на несаканиот сјај на лицето. Многумина од вас во такви ситуации прибегнуваат кон матирачка пудра, но тоа не е добар производ, бидејќи може да создаде спротивен ефект, односно cakey ефект на лицето.

Производ кој внесе мала револуција во бјути рутината!

Поради овие причини, прајмерот е производ кој мора да биде почеток на секоја мејкап рутина  и доволно е да се нанесе само тенок слој, за овој неопходен производ од козметичкиот несесер да го постигне посакуваниот ефект. По нанесувањето, кожата станува измазнета, се создава одлична подлога и последно, но не и најмалку важно, благодарение на добрата подлога, шминката ќе биде издржлива и беспрекорна.

Овој производ се нарекува вистински мал волшебник во козметичкиот несесер и донесе мала револуција во рутината за шминкање. Затоа време е да го додадете во вашата рутината за убавина и еве за вас издвоив неколку фаворити.

- Реклама -

Estee Lauder The Illuminator

Estee Lauder The Illuminator Radiant Perfecting Primer + Finisher

Lancôme Prep & Matte

Lancôme Prep & Matte – Mattifying Make Up Primer

Bobbi Brown Primer Plus Mattifier

Bobbi Brown Primer Plus Mattifier

Bourjois Healthy Mix Primer

Bourjois Healthy Mix Primer

Max Factor Miracle Prep

Max Factor Miracle Prep Pore Minimising & Mattifying Primer