Gucci излегува со годишно ограничено издание на Gucci Flora Gorgeous Gardenia парфемот, кој за оваа сезона е облечен во боја на лаванда. Изданието од 2018 година беше украсено со светло жолта нијанса на шишето, додека изданието за 2019 година беше претставено во смарагдно зелена боја.
Мирисна композиција на црвено овошје!
Gucci Flora Gorgeous Gardenia ја задржа карактеристичната композиција на црвено овошје, бела гарденија, франгипани, пачули и кафеав шеќер. Мирисот претставува љубовно писмо на убавината на природата, пролетта и сензуалноста.
Шише со шестоаголен облик во боја на лаванда!
Непровидното шишенце со шестоаголен облик во боја на лаванда е украсено е со црна машна околу вратот. Цветниот принт на кутијата датира од 1966 година, дизајниран од Vittorio Accornero за принцезата Grace од Монако.
Лице на кампањата е моделот Unia Pakhomova!
Новата кампања за мирисот Gucci Flora Gorgeous Gardenia ја снимаше француското дуо Pierre et Gilles, предводена од креативниот директор на Gucci – Alessandro Michele. Заштитно лице на кампањата е моделот Unia Pakhomova.
Gucci Flora Gorgeous Gardenia 2020 е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.