Универзален парфем без пол и време! Gucci Mémoire d’une Odeur

Брендот Gucci лансира мирис фаворизирајќи ја зелената боја како на амбалажата така и на композицијата која е најавена како минерално-ароматична. Alberto Morillas е парфемер на новата унисекс креација Mémoire d’une Odeur, а овој пат тој ја фаворизира камилицата прикажувајќи ја на многу посебен начин, како одраз на сеќавањето за минатото, на носталгичните моменти.

Harry Styles – пејач, текстописец и актер – лице на рекламната кампања!

Лицето на рекламната кампања е Harry Styles – пејач, текстописец и актер, кој на новата креација и дава посебен печат. Водилка на новата кампања е идејата за слобода, независност од времето, просторот и општеството. Новиот мирис станува истражувач на сеќавањата, враќајќи ги од минатото и правејќи ги живи во сегашноста. Прескокнувајќи напред-назад, сегашноста и минатото се поврзани со единствен мост што директно не носи во иднината. Универзален парфем без пол и време, Gucci Mémoire d’une Odeur е еликсир кој го надминува полот по својата индивидуалност, за да основа ново парфемско семејство: минерално-ароматично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gucci Beauty (@guccibeauty) on

Мирисот е она што сме ние!

„Длабоко во нас, мирисот е она што сме ние – кога ќе ги затвориме очите еден конкретен момент во просторот и времето“ – вели Alessandro Michele креативен директор на Gucci.

За парфимер на креацијата беше избран мастер парфимерот Alberto Morillas кој подари необична креација, нагласувајќи ги минералните ноти, мошусот и акордите од камилица.

“Камилицата која е позната низ целиот свет и чиј мирис е добро познат на сите, како сеќавање од детството, сонот, како нешто безвременско, но никогаш како што е прикажано во овој мирис. Овој цвет дефинитивно е потценет, а тоа е билка со прекрасен мирисен потпис” – објаснува Morillas.

Мирисна композиција – воздушеста, мошусна, транспарентна и автентична!

Во отворањето на мирисната композиција се насетува камилица комбинирана со горчлив бадем. Срцето се развива со цветни нијанси на јасмин и ливчиња од јасмин обликувани со мошус, кои му даваат длабочина на креацијата, придружени во комбинација на благородно сандалово дрво и кедар со суптилна мекост на ванила. Memoire d’une Odeur е сосема нов мирис, универзална креација која не може да се припише ниту на полот, ниту на времето, воздушест, мошусен, транспарентен и автентичен – изјавуваат од брендот Gucci.

Шишенце – столб крунисан со златно капаче!

Шишенцето на Gucci Mémoire d’une Odeur создадено е како релјефен столб истакнат со бразди во елегантно зелена боја. Шишенцето е од масивно стакло кое е крунисано со златно капаче. Надворешното пакување е инспирирано од слики од готски и римски цркви од средниот век и ренесансата во Европа, а алудира на погледот према ѕвезденото небо.

Gucci Mémoire d’une Odeur е достапен во шишенца од 40, 60 и 100 мл како Eau de parfum.

Хаштагот на нов мирис и кампања е #GucciMemoire

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *