- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Carolina Herrera ја продолжува традицијата на колекционерски изданија со претставувањето на розово блескаво издание Good Girl Fantastic Pink за 2020 година. Како што е најавено од брендот, новото шише е направено со иста форма на женска штикла украсена со сјајни розови светки. Мирисната композиција останува иста како на оригиналното издание и нуди „добри и лоши“ акорди. Брендот ги наведува sambac јасминот, туберозата и бадемот како „добри“, додека „лоши“ акорди се тонката, какаото и кафето.

Толку е добро да се биде лоша!

Култната штикла е совршена за жените кои не се плашат да ја користат својата моќна женственост и да го слават својот сексипил. Ироничниот слоган „Толку е добро да се биде лоша“ го прати секое издание на Good Girl мирисната линија, од дебито во 2016 година преку пет колекционерски изданија од кои може да изберете: Good Girl Dot Drama Collector, Good Girl Glitter Collector, Good Girl Glorious Gold Collector, Good Girl Swarovski Collector и Good Girl Velvet Fatale.

Мирисната композиција останува иста како на оригиналното издание Good Girl!

Мирисната композиција е потпишана од парфимерката Louise Turner. Нотите на врвот поклонуваат мешавина од бадеми, кафе, бергамот и лимон. Во срцето доминира цветен букет од јасмин, тубероза, бугарска роза, цвет од портокал и корен од ирис, додека основата е топла и гурманска со какао, тонка, пралин, цимет, сандалово дрво, ванила, кедар, кашмир, пачули, килибар, мошус.

- Реклама -

Carolina Herrera Good Girl Fantastic Pink е достапен во шишиња од 80 мл, како Eau de Parfum.