Есента ја доби својата прва миризлива најава со опојно слаткиот парфем Armani My Way, лансиран на 24 август на полиците во парфимериите. Станува збор за мирис на бели цвеќиња што отвора ново поглавје на женственоста, а создаден е да ја покаже посветеноста на одржливоста, па поради интересната приказна која стои зад него, не се сомневам дека тоа ќе биде бестселер во парфимериите во наредниве недели. По лансирањето на My Way Eau de Parfum, започнаа многу други претставувања на нови парфеми.
Комплетно нови парфеми и нови изданија на веќе познати парфемски линии!
Општо земено, новините што ни доаѓаат или се комплетно нови парфеми со кои допрва треба да се запознаеме или се нови мирисни изданија на веќе познати парфемски линии, кои носат пресврт на веќе добро познатите мириси. Невозможно е да не се забележи дека есента 2020 година убедливо ќе биде сезона на розово-златни парфеми, за што сведочат луксузните и елегантни шишиња со нови парфеми кои ги освојуваат полиците на парфимериите.
Време е за нов парфем!
Дали е време за нов парфем или барате мирис што ќе го подарите на некој близок? Во продолжение погледнете какви миризливи новитети ве очекуваат!