- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Италијанскиот гигант Armani поставува нови стандарди во индустријата за убавина со најавата за лансирањето на новиот женски парфем My Way, мирис на светло бело цвеќе кој отвора ново поглавје на женственост, создаден со посветеност кон одржливоста. Не само што My Way е прекрасен цветен парфем, туку тој е и еколошки неутрален со можност да се надополнува и создаден како дел од петгодишниот план во кој Armani планира да постигне неутралност на јаглерод за сите свои производи до 2025 година.

„Јас сум тоа што го живеам“ („I am what I live“) – Giorgio Armani

My Way е силна изјава, односно решителност да го следиме сопствениот пат. Повеќе од име, My Way го рефлектира влијанието на патувањата и моментите што ги доживуваме врз креирањето на нашиот карактер, без разлика дали се географски или емотивни. Овој мирис не само што успева да го овековечи духот на љубопитноста и поврзаноста, туку и да се покаже неговото суштинско значење“.

Adria Arjona млада модерна жена на денешницата – заштитно лице на парфемот!

Заштитното лице на My Way е американската актерка Adria Arjona, која споделува уникатен афинитет кон филозофијата која стои позади овој парфем, што најдобро го потврдува нејзиниот карактер и животен стил и нејзината отвореност за нови искуства и врски со другите. Покрај тоа што стана амбасадорка за парфемот My Way, таа се придружи на брендот како ново лице за декоративната козметика. Armani ја опишува Adria Arjona како авантуристка, млада модерна жена на денешницата, интелигентна, љубопитна, без предрасуди, независна и способна да го цени секое животно искуство. Таа навистина е граѓанин на светот, благодарение на нејзините уникатни искуства и средби и со право може да каже – Јас сум тоа што го живеам!

- Реклама -

My Way најдобро го претставува еколошкиот напор на брендот Armani!

Парфемот My Way означува пресврт во континуираниот план на Giorgio Armani посветен на намалувањето на влијанието врз животната средина и борбата против климатските промени. „Верувам дека сите треба да се посветиме на решавање на проблемите со животната средина, сега повеќе од кога и да било. Не можеме да го игнорираме фактот дека иднината на помладите генерации зависи од нашите избори“ вели Giorgio Armani.

Од употребата на рециклирани материјали и оние што можат да се рециклираат, преку состојки од одржливи извори, до иновативен систем за полнење што овозможува значително намалување на отпадните материјали, новиот мирис My Way најдобро го претставува еколошкиот напор на брендот Armani.

Armani My Way за прв пат ќе биде достапен на глобално ниво за онлајн нарачки од 23-ти август, а светското откритие на својата рекламна-филмска кампања ќе се случи на 6-ти септември 2020 година.