I Want Choo е нов парфем на луксузниот моден бренд Jimmy Choo, најавен како цветно ориентален мирис, проткаен со кадифена праска и ванила. Парфемот го носи името на слоганот на модната колекција на брендот Jimmy Choo – I Want Choo.
I Want Choo – цветно ориентален мирис!
Мирисната композиција на парфемот I Want Choo прави пресврт од нотите на кадифена праска и ванила во цветен букет на јасмин и црвен крин. Како што велат од брендот Jimmy Choo, новиот парфем е совршен додаток за модерна и гламурозна жена.
Парфемот Jimmy Choo I Want Choo ќе биде достапен во шишенца од 60 и 100 мл, како Eau de Parfum.