Mon Guerlain Sparkling Bouquet е ново издание на мирисната колекција Mon Guerlain на Guerlain. Колекцијата вклучува Eau de Parfum оригиналното издание од 2017 година, Mon Guerlain Florale и Mon Guerlain Eau de Toilette од 2018 година, Mon Guerlain Bloom of Rose и Mon Guerlain Eau de Parfum Intense од 2019 и Mon Guerlain Bloom of Rose Eau de Parfum од 2020 година.
Манифест на денешната женственост!
Mon Guerlain е парфемски манифест на денешната женственост. Разноврсна жена: силна, слободна и сензуална, олицетворение на Angelina Jolie.
Свежа, овошна и ориентална композиција со магнетски шарм!
Mon Guerlain Sparkling Bouquet е блескав мирис опишан како есенцијален дует на лаванда и ванила сублимиран со пенливи ноти од круша и блескав самбак јасмин. Свежа, овошна и ориентална композиција со магнетски шарм, компониран со ноти на круша, лаванда, самбак јасмин, ванила и сандалово дрво. Парфемот го креираа парфимерите Thierry Wasser и Delphine Jelk.
Guerlain Mon Guerlain Sparkling Bouquet достапен е во 30, 50 и 100 мл, Eau de Parfum.