- Реклама -

Guerlain го лансира Mon Guerlain Bloom of Rose Eau de Parfum една година по претставувањето на Mon Guerlain Bloom of Rose изданието од мирисната линија Mon Guerlain, кое комбинира ноти од лаванда и ванила. Линијата Mon Guerlain го вклучува оригиналниот Eau de Parfum од 2017 година, Mon Guerlain Florale и Mon Guerlain Eau de Toilette од 2018 година, Mon Guerlain Bloom of Rose и Mon Guerlain Intense од 2019 година.

Mon Guerlain жената отелотворена од актерката Angelina Jolie!

Mon Guerlain Bloom of Rose е рекламиран како миризлив манифест на денешната женственост – жена со повеќе лица: моќна, слободна и сензуална, жена отелотворена од актерката Mon Guerlain Intense.

Мојата невидлива тетоважа, мојот потпис, мојот парфем, Mon Guerlain“.

- Реклама -

Дуо од лаванда и ванила!

Во новиот парфем, есенцијалното дуо од лаванда и ванила обоено е со интензивни акорди од роза и вкусни овошни ноти на круша. Овој цветно-овошен додаток треба да ја направи композицијата повеќе страсна, огнена и впечатлива.

Во оваа нова Eau de Parfum верзија, розата се дозира без ограничување. Есенцијата на бугарска роза со подтонови на малина се меша со турска роза која го изразува својот меден карактер.

За новиот Eau de Parfum, парфимерите Thierry Wasser и Delphine Jelk собраа букет цвеќиња во кои се истакнуваат бугарските и турски рози, придружени од француската лаванда и самбак јасмин.

Новиот Guerlain Mon Guerlain Bloom of Rose е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -