- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Откријте ја маестралната комбинација на смелост и елеганција отелотворенa во новиот женски парфем Calvin Klein Euphoria Intense. Лансиран од американската модна икона – брендот Calvin Klein, како нова поинтензивна верзија на овошниот парфем Euphoria. Миризливите дела на брендот Calvin Klein: Obsession, CK One и Euphoria се едни од најпродаваните и најбараните во светот.

Euphoria

Богат и попровокативен мирис!

Како што велат од Calvin Klein, новата Euphoria Intense ја подига заводливоста на оригиналното издание што резултира со богат, попровокативен мирис. Миризлива композиција создава неодолив овошен, дрвенест и цветен допир на вашата кожа.

Calvin Klein Euphoria Intense bottle Calvin Klein Euphoria Intense package

Следбеник на познатиот Euphoria мирис!

Новото поинтензивно издание ја следи оригиналната Euphoria, која блесна на парфемското небо во 2005 година. Слаткиот Euphoria Intense е заводлив мирис, центриран околу миризливите ноти од орхидеи. Сочниот, свеж акорд на црна рибизла од отворањето на композицијата е придружен со база на интензивен пачули.

- Реклама -

Calvin Klein perfumes

Euphoria Intense ingredient

Зајакнете ја вашата аура со сензуална женственост!

Оригиналната парфемска вода Euphoria и нејзината поинтензивна верзија се карактеризираат и топли миризливи акорди, идеални за есен и зима. Треба само да нанесете неколку капки од овој еуфоричен мирис на вашиот зглоб или лакт, за да ја зајакнете вашата аура со сензуална женственост.

Calvin Klein visual