- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Опсесијата со Maybelline Instant Eraser коректорот започна од светската модна сцена. Gigi Hadid и други топ модели и светски познати инфлуенсерки го препорачаа овој коректор уште пред да пристигне во нашите парфимерии. Дојде време да го испробам и да споделам впечатоци со вас, за тоа што го прави толку посебен.

Maybelline korektor

Висока моќност на покривање, лесна текстура и не навлегува во ситните пори!

Честопати имам дилема дали да изберам лесен дневен коректор или мојот избор да падне на некој потежок, долготраен коректор. Размислувам дека лесниот барем нема да се вовлекува во порите, но долготрајниот од друга страна често знае да биде тежок на лицето, па затоа го нарекувам „театарска шминка“. На сметка на тешкото покривање на темните кругови се добива „heavy look“ и по правило честопати уште повеќе се нагласуваат ситните брчки. Но, во случај на Maybelline New York Instant Eraser Anti Age коректорот, тој е со совршен баланс, има висока покривна моќ, а од друга страна е коректор со лесна кремаста текстура која не навлегува во ситните брчки околу очите.

Instant Eraser concealer

Коректор кој може да направи се!

Maybelline New York Instant Eraser Anti Age е достапен во 8 нијанси. Неговата лесна текстура и апликатор од сунѓер овозможуваат да се камуфлираат темните кругови околу очите, но исто така со нежен притисок на местото што сакате да го камуфлирате, можете целосно да ја покриете секоја несовршеност, дамка од сонце, испукани капилари, мозолчиња.

- Реклама -

Maybelline Instant Eraser colour palette

Се обидов да го контурирам лицето со него! Ја користев нијансата Neutralizer веднаш под очите, Nude за целото лице и новата нијанса Honey за контури. Целосно се воодушевив од постигнатиот ефект!

Се прилагодува на сите типови на кожа!

Овој најпродаван Maybelline New York коректор совршено се вклопува со кожата, благодарение на неговата течна текстура, која се прилагодува на сите типови на кожа, без разлика дали е сува, комбинирана или мрсна. Лесно се нанесува, обезбедувајќи сјаен и природен ефект на кожата на лицето.

Maybelline korektor