Славете ја позитивноста!
Исполнет со страст и самоувереност, двете карактеристични обележја на брендот Escada, новиот Celebrate N.O.W. е повеќе од мирис. Тој е став. Тој е начин на размислување. Тој е инспирација.
N.O.W. акроним за Nature of Women (природа на жените), претставува мирисен омаж на женскиот дух. Славење на женската храброст, женската издржливост, женската убедливост. За жените кои знаат дека позитивноста е перспектива, Celebrate N.O.W. е самоуверен и автентичен како што се и тие.
Славете ја радоста!
Елегантна, софистицирана и постојано љубопитна, Celebrate N.O.W. жената сфаќа дека секој ден, секој момент е нешто што треба да се искористи. Така и за Sofi Fahrman, шведската модна репортерка, новелистка, ѕвезда на социјалните медиуми и новото лице на Celebrate N.O.W. живеењето во моментот е нејзината мантра. Без разлика дали таа е на состанок, дали истражува нов егзотичен агол од светот или едноставно го поминува времето со нејзината ќерка, присуството на Sofi е привлечно и пожелно, бидејќи зрачи со светлина и позитивност секаде околу неа. Таа се восхитува и ужива во барањето и во споделувањето радост и убавина со светот, во веселото уживање во животот, во радоста на живеењето, смеејќи се со насмевка која е заразна и која зрачи.
Славете ја природата!
Да му се насмевнуваш на светот и да го гледаш секој ден како подарок е природниот дух на жените и на инспирацијата која стои зад Celebrate N.O.W. Мирисот, кој претставува динамична фузија од природни состојки, е составен од топла основа на цимет и тонка грав со нивниот љубовен и носталгичен квалитет. Во срцевината на Celebrate N.O.W. преовладува и расцветува магнолијата, симбол на великодушноста и упорноста, придонесувајќи со својот силен, раскошен мирис. Горната нота на мирисот е зачинет ѓумбир, инстантен стимуланс за сетилата и душата. Сосема нова и свежа перспектива на мирис, Celebrate N.O.W. нуди исклучителен поглед на светот преку очите на модерната жена, крајна рефлексија на нејзината позитивна перспектива. На непредвидлив, оптимистички и уникатно-женствен начин, Celebrate N.O.W. ви дава енергија и самодоверба дека можете да освоите сè. Направете го тоа со грациозност и хармонија.
Славете ја природата на жените!
Шишенцето рефлектира славење на природата на жените. Талентираната бразилска уметница на керамички инсталации, Valeria Nascimento, ја добива инспирацијата од нејзините препознатливи вајани дела во расцветани облици, осмислувајќи ги нежните и прекрасни фенерчиња од керамика кои го украсуваат шишенцето, уметнички дела сами по себе достојни за прикажување. Специјално изработените фенерчиња на Valeria, буквално и симболично инспиративни, претставуваат симбол на позитивноста и женственоста. Тие исто така се појавуваат и во кампањата, лебдејќи мирно на хоризонтот, придружувајќи ја Sofi и нејзината насмевка која блеска. Секој детаљ на Celebrate N.O.W. без разлика колку е суптилен, се разликува во својата мисија да ги возвиши жените, препознавајќи ја нивната сила, нивната креативност и нивните позитивни гледишта.
Насмевнете му се на светот, погледнете како тој ви возвраќа!