За или против!
Две мислења, за или против мицеларна вода, производ кој стана апсолутен бестселер во последниве години! Гледајќи наназад, тешко е да се замисли како сме живееле без мицеларната вода, која денес е омилен производ во секојдневните мејкап рутини.
Може да се користи како независен производ или во комбинација со пена или гел, со цел да се постигне поголем ефект на чиста кожа.
Причини за или против мицеларна вода!
Популарноста на мицеларната вода во светот може лесно да се објасни и главно се должи на леснотијата при користењето и се разбира ефектот што се постигнува. Во составот се наоѓаат мицели, активни компоненти кои честичките на шминка нежно ги отстрануваат од површината на кожата. Мицелите се маслени молекули со нано големина потопени во вода. Мицелите ја привлекуваат нечистотијата и маснотијата, така што кога ќе ги нанесете на кожата, тие го собираат себумот и ја раствораат шминката. Нема потреба од плакнење, само нанесете со памучен туфер и оставете да се апсорбира пред да нанесете хидратантен крем. Покрај тоа, мицеларната вода е единствен производот за чистење на лицето што се користи без вода, затоа е идеално решение за сува и чувствителна кожа, бидејќи не предизвикува иритирачки ефекти.
Денес мицеларната вода е достапна за сите видови на кожа, па наоѓањето на вашиот идеален производ не е тешко. Исто така, овој производ е универзален по прашањата за заштита од стареење, може да се користи за млада, но и за постара кожа. Со мицеларната вода добро е да ги отстраните нечистотиите и шминката не само од лицето и вратот, но исто така и од чувствителните области како што се очите и усните. Единствен недостаток на мицеларната вода е кога користите густа водоотпорна шминка бидејќи целосно нема да биде отстранета. Во овој случај, подобро е да се комбинира со други средства за чистење, на база на масло. Исто така некои мицеларни води можат да остават лепливи остатоци на кожата, најчесто овој проблем се јавува кај мрсната кожа. Мицеларната вода секогаш се употребува со нанесување на вата или туфери за отстранување на шминка.
Минимален ризик од иритација и алергии!
Меѓу главните придобивки на мицеларната вода е минималниот ризик од иритација и алергии. Ова решение е создадено за луѓе со многу чувствителна и сува кожа. Важно е да се разбере дека со мицеларнат вода се постигнува истиот ефект при чистење на лицето како со пена, гел или млеко, само без вода.
Мицеларната вода има свои варијации, покрај класичната постојат во форма на гел, млеко и пена. Сите нивни разлики се сведуваат на текстурата и составот со повеќе или помалку негативни состојки. Тие ги содржат истите микроскопски формации, кои како малите магнети, ја привлекуваат целата нечистотија и шминка.
Мицеларната вода остава трага на лицето!
Но покрај сите корисни својства, мицеларната вода остава трага на лицето, а некои дерматолози тврдат дека ја оштетува кожата. Затоа, повеќето дерматолозите се придржуваат до златното правило: по отстранувањето на шминката со користење на мицеларната вода, понекогаш е потребно да се примени тоник за чистење, за да се отстранат сите честички на шминката од лицето. Исто така, важно е да се напомене дека употребата на мицеларна вода не е најекономичен начин за чистење на лицето.
Најмалку еднаш неделно, препорачувам да се направи традиционалното чистење со вода или пилинг.