Шведскиот бренд Foreo кој носи иновации во козметиката и создава револуционерни уреди, најпосле е присутен на нашиот пазар. На голема радост на бјути ентузијастите, во прекрасниот ентериер на Neptun East Gate се одржа промоција на шведскиот beauty-tech бренд за уредите за убавина кои го следат модерниот начин на живот.
Foreo уредите ги освоија срцата на познатите личности!
Присутните се запознаа со Foreo уредите и начинот на нивна употреба од страна на регионалниот едукатор за Foreo – Ивона Савичевиќ.
На промоцијата присуствуваа гости од јавната сфера, мејкап артисти, медиуми кои преку непосредна комуникација со бренд амбасадорот први дознаа за бенефитите од користењето на овие уреди кои веќе ги освоија срцата на познатите личности како: Викторија Бекам, Ким Кардашијан, Меган Маркл, Мајли Сајрус, Синди Крафорд, Криси Тајген и Рита Ора.
Foreo е место каде се сретнуваат убавината, технологијата и иновацијата!
Foreo е шведска визионерска компанија, место каде се сретнуваат убавината, технологијата и иновацијата. Брендот е распространет на 6 континенти, 86 отворени пазари, 12.000 продажни места и повеќе од 28 милиони задоволни корисници. Во само 8 години освои повеќе од 225 светски бјути награди со својата револуционерна технологија која поставува нови стандарди во индустријата за убавина.
Со неколкуминутен Foreo третман за лице, можете веднаш да ја претворите вашата бања во најмодерен спа и да се заљубите во вашиот одраз во огледалото!
Професионално чистење на лицето! Foreo Luna 3
Уредите за убавина и нега на лицето Luna го освоија светот, одговарајќи на потребите кои на револуционерен и паметен начин се грижат за вас и вашата кожа. Темелното чистење на лицето е првиот чекор од квалитетната рутина за нега, а уредот Luna 3 го подига овој ритуал на повисоко ниво. Патентираните T-Sonic пулсации и меките силиконски допирни точки во само една минута овозможуваат длабинско и нежно чистење и отстранување на 99,5% од нечистотиите, потта и остатоците од шминка.
Luna 3 доаѓа во 3 варијанти – за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, а нејзината површина служи за масажа која ја зацврстува кожата со пулсации од посилен и послаб интензитет, го подобрува тенот и ја обновува текстурата на кожата.
View this post on Instagram
Неинвазивно затегнување на лицето! Foreo Bear
Мал, сладок, но моќен – Foreo Bear е најсигурниот микроструен уред на светот кој дава неинвазивен лифтинг на лицето. Стимулирачката микроструја ја прави кожата еластична и цврста, додека T-Sonic пулсациите ги опуштаат точките со напнатост на мускулите на лицето и ги измазнуваат фините линии. Bear има 5 микрострујни интензитети, а делува на повеќе од 65 мускули на лицето и вратот. Микрострујата е сигурен и безболен начин за зацврстување на кожата и дефинирање на линиите на лицето, а неговите две микрострујни сфери овозможуваат истовремено прецизно третирање на поголеми површини, но и на секоја брчка поединечно.
Каде е достапен Foreo брендот?
Во Македонија, Foreo брендот е достапен во подобро снабдените парфимерии и најголемиот ланец за техника.