- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Необичен настан се случи во Скопје, а главните „виновници“ беа нашата позната модна креаторка Тања Кокев и омиленото бјути катче парфимерии FABUspot, кои кај нас секогаш ги носат врвните новитети од светот на убавината. Модна ревија зачинета со врвни брендови од светот на убавината беше рецепт за успешна вечер.

Дизајнерката Тања Кокев го претстави нејзиниот пустински сон!

На ревијата, дизајнерката Тања Кокев не однесе на едно ново, прекрасно доживување, претставувајќи ја новата колекција „Пустинска роза“. Таа вели дека инспирацијата за пустинската роза е да нè однесе преку креациите во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо.

Модна ревика на Тања Кокев - Пустинска Роза

Мејкап артистот Зоран Шурбевски се погрижи за впечатливиот мејкап изглед на моделите!

Во колекцијата доминираа  пастелни бои и природни материјали, а посебно впечатлив беше изгледот на моделите надополнет со беспрекорната шминка на тимот на мејкап артистот Зоран Шурбевски, во соработка со FABUspot парфимерии. Прекрасните модни креации успешно беа надополнети со врвните производи за шминкање од познатите светски брендови: Estee Lauder, Dior, Shiseido и Mac кои можете да ги пронајдете во FABUspot парфимерии.

Модна ревија зачинета со врвни брендови од светот на убавината! Тања Кокев и FABUspot

- Реклама -

Мејкап артис Зоран Шурбевски модна ревија Тања Кокев

Модна ревија зачинета со врвни брендови од светот на убавината! Тања Кокев и FABUspot

Jo Malone London создаде топла и привлечна атмосфера!

Тимот од FABUspot парфимерии се погрижи магичната атмосфера за време на модната ревија да биде зачинета со едно поинакво, мирисно доживување од миризливите свеќи и дифузери на луксузниот бренд Jo Malone London. Присутните уживаа во богатството на сетилните искуства, благодарение на магичната атмосфера предизвикана модните креации на Тања Кокев, дополнета со Jo Malone London миризливите свеќи и дифузери.

Миризливите свеќи и дифузери Jo Malone London на модната ревија на Тања Кокев во соработка со FABUspot

Миризливите свеќи и дифузери Jo Malone London на модната ревија на Тања Кокев во соработка со FABUspot

Миризливите свеќи и дифузери Jo Malone London на модната ревија на Тања Кокев во соработка со FABUspot

Иновативноста не изостануваше!

Присутните имаа прилика да бидат дел од едно извонредно шоу кое наликуваше на театарска претстава, во режија на Дејан Пројковски, сценографија на Искра Јанковска Михајловска, кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил.

Модна ревика на Тања Кокев - Пустинска Роза
Фото: Ѓ. Личовски
Модна ревика на Тања Кокев - Пустинска Роза
Фото: Б. Грданоски