За сите љубители на лето, сонце и забава до наутро, водечкиот италијански бренд за шминка – Kiko Milano претстави нова колекција која ќе ви помогне да го постигнете најоригиналниот и највпечатлив изглед досега. Ова лето подари си луксузен изглед со Festival Glow на Kiko Milano, бидејќи повеќе сјај е вистински избор за ова лето!
View this post on Instagram
Чувствувајте се како суперѕвезда со колекцијата Festival Glow која се состои од високо пигментирани, водоотпорни, долготрајни формули кои содржат висок степен на СПФ заштита за да уживате во летото непречено и безбедно!
Земјените тонови се проткаени со златни тонови кои ќе и дадат на вашата кожа ефект на исончан тен и свеж сјај. Тиркизните и златни пакувања зрачат со винтиџ хипи шарм како одличен додаток на вашиот летен стил.
View this post on Instagram
Заштита!
Бидејќи цел ден ќе го поминете на сонце, започнете со нега на кожата и задолжителна СПФ заштита. Perfecting Face Fluid SPF 50 UVA ќе ја обезбеди потребната заштита и ќе создаде совршена основа за течната пудра.
Основа!
За посакуваниот природен изглед, изберете ја течната пудра Instamoisture Foundation SPF 25, која ја на лицето и дава рамномерен сјаен тен, камуфлирање на флеките и измазнување на кожата со совршен оптички ефект, како фотографски филтер. Потоа, нанесете компактна пудра со мат финиш Powder Foundation SPF 50 чија формула збогатена со лаванда ја негува вашата кожа и обезбедува добра покривна моќ.
За контура на лицето нанесете од руменилото 3D Blush со лесни потези на образите. Со бронзерот Baked Bronzer благо нагласете го носот, образите и слепоочниците, а потоа нанесете од течениот хајлајтер Golden Star Cushion Highlighter на деловите од лицето што сакате да ги истакнете.
Очи!
Поиграјте со нијансите со металик финиш од палетата со сенки за очи Back On Stage Eyeshadow Palette. За рокенрол атмосфера, истакнете ги очите со моливот Long Lasting Eyeliner & Kajal кој трае до 10 часа или со водоотпорниот ајлајнер Waterproof Eye Marker чиј прецизен врв ви овозможува да креирате фини линии. Заокружете го изгледот со Volume & Care долготрајната маскара за волумен на трепките.
За трајност на шминката, пробајте го Keep Shining Make Up Fixer, хидратантен спреј за фиксирање со блескав ефект.
Усни!
За сочни усни, изберете Make Me Queen, хидратантен кармин со хијалуронска киселина, а потоа нанесете го Precious Lipgloss сјајот со златни честички за дополнителна доза на гламур.
Конечен допир!
Сигурно вашиот омилен музички бенд ќе го поздравите со кренати раце во воздух, па искористете ја можноста да изберете живописна боја која ќе се истакне во толпата. Заокружете го вашиот мејкап изглед со Nail Lacquer лакот за нокти со сјаен финиш и високо пигментирана формула.
Само во East Gate Mall или онлајн!
Производите од новата колекција можете да ги најдете во продавницата на Kiko Milano во East Gate Mall во Скопје. Комплетната палета е достапна и во онлајн продавницата на Fashion Group.