Оваа пролет, приказната за мирисот POP на Stella McCartney ќе продолжи со нов интригантен пресврт како POP Bluebell. Генерацијата на млади жени која се прослави во оригиналниот мирис, со POP Bluebell го носат нивното патување подлабоко и потемно, во едно мисловно расположение, родено од искуство и нивната внатрешна сила.
POP Bluebell жената, млада во години, но сепак мудра во душата!
Додека POP ја славеше уникатноста, автентичноста и авантурата – прегрнувањето на животот со поддршка од пријателите, POP Bluebell ги носи овие квалитети во уште посамоуверена територија.
“Вистинските пријателства како што растеме создаваат подлабока смисла на интимност, великодушност и храброст. Зумбулот го рефлектира сето ова совршено. Тој е исклучително прекрасен, но сепак неговиот водечки квалитет е силата. Тој најпрво си обезбедува цврста основа, а потоа е подготвен да процвета“. – Stella McCartney
Виолетовата боја на POP Bluebell зборува за самракот, за возбудата, за денот, остар контраст на оригиналниот и поразиграниот POP во розова боја.
POP Bluebell жената е внимателна, бестрашна, има слободен дух кој и дозволува на нејзината имагинација да талка наоколу. Таа знае дека да научиш повеќе за светот е да научиш повеќе за себеси. Млада во години, но сепак мудра во душата.
Зумбулот носи нов баланс, длабочина и карактер!
Познат по својот нежен, но сепак специфичен мирис, зумбулот носи нов баланс, длабочина и карактер на оригиналниот POP составен од тубероза и сандалово дрво.
POP Bluebell ги меша нежните карактеристики на зумбулот со длабоката и необично-сензуална основа од сандалово дрво. При мешањето на спротивностите, од него оддекнува повеќестраната природа на новата генерација на Stella McCartney икони. Женствена, но не кревка, смела, но сепак балансирана…
Капачето е креирано според медалјонот на култната Falabella ташна на Stella!
За разлика од оригиналниот POP, кој се појави во силно розова боја, POP Bluebell е виолетов. Инспириран од смелиот, но сепак балансиран став на мирисот, капачето и шишенцето се искомбинирани во минималистички форми. Капачето е креирано според медалјонот на култната Falabella ташна на Stella во виолетова боја.