- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Mugler ве повикува на патување од соништата со новото ограничено издание, женскиот мирис Angel Iced Star Eau de Toilette. Интензивно свежата тоалетна вода е инспирирана од неистражените пространства каде владее леден студ, каде снегот сјае под сончевите зраци во светлосна претстава која го одзема здивот.

Екстремна свежина и егзотика!

Мешајќи мраз и оган, новиот Angel компонира екстремна свежина и егзотика со гурмански и килибарни ноти. Новата тоалетна вода е мешавина од свеж и кристален кокос и сочен и егзотичен ананас на основа на пралина поврзана со пачули, што всушност претставува миризливиот потпис на Angel парфемот.

Angel Iced Star ingredients

„Ѕвезда“ шишето обоено во сини, зелени и розови нијанси!

Парфемот доаѓа во познатото „Ѕвезда“ шише  кое е ревидирано за ограниченото издание, обоено во нежни сини и зелени нијанси со огнена розова боја.

- Реклама -

Женскиот мирис Mugler Angel Iced Star е достапен во шише од 50 мл, како Eau de Toilette.

Angel Iced Star bottle Angel Iced Star package