- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сè што прави планетарно популарната старлета и ријалити личност Kylie Jenner, станува општ тренд. Меѓутоа, ако треба да избереме нешто по што ќе ја запомниме, тоа дефинитивно ќе бидат нејзините полни усни. Иако таа признава дека за нејзините полни усни заслужни се филерите – таа ефектот го постигнува со неколку мејкап трикови. Ќе ви откријам како само со помош на шминка може да добиете сочни усни,  полни со волумен, исто како Kylie Jenner.

Сочни и полни усни отсекогаш биле идеал за женственост и изгледа дека никогаш не биле повеќе тренди од сега. Инјектирањето на различни филери за усни за повеќето жени изгледа како премногу радикален чекор, но не грижете се – може да добиете многу добар ефект на волумен на усните со неколку мејкап трикови.

Како до усни како Kylie Jenner!

Пилинг на усните со цимет

За да ги направите вашите усни меки и мазни за нанесување на шминката, прво мора да ги исчистите и да направите пилинг. За овој чекор не треба да купувате пилинг, можете овој производ за убавина да го направите сами дома: едноставно измешајте шеќер, мед и цимет. Овој пилинг ќе ги направи вашите усни со волумен, поради пецкањето  на циметот. Затоа овој пилинг е идеален кога сакате побрз ефект на полни усни. Зрната од шеќерот ќе ги отстрани сите суви остатоци од кожата што може да ги имате, за да добиете мазно платно за нанесување на кармин.

- Реклама -

Нанесете течна пудра на усните

Ова е трик што многу дами го знаат – нанесување на тенок слој од течна пудра кој ќе го тапкате на усните со што ќе добиете ефект на прајмер за кармин и димензија на усните. На овој начин, ќе се создаде илузија на полни усни. Со прст нежно тапкајте врз усните нанесувајќи течна пудра и оставате да се исуши.

Нанесете течен коректор на рабовите од усните

Следниот чекор е да го камуфлирате вашиот природен раб на усните за да можете да ги исцртате новите ивици на усните без да се забележат природните. Во точки нанесете течен коректор на горната и долната линија на усните и со помош на блендер  или прст добро изблендирајте го коректорот за да се покрие линијата на вашите природни усни. Нанесете го течниот коректор со малку пудра во прав, така што коректорот ќе остане на своето место.

Исцртајте ги усните

Трикот со кој Kylie Jenner го постигнува ефектот на полни усни е – прецртување на усните со помош на молив. Сега е моментот да се нацрта вашата “нова” усна линија со помош на молив за усни. Ако сакате да ја зголемите само горната или само долната усна, тогаш прецртајте ја само едната. Некои мејкап артисти го прецртуват само врвот на горната усна, следејќи ја природната усна линија. Ако ви недостасува волумен во аглите на вашите усни, тогаш исцртајте ги само нив. За најприроден ефект изберете молив за усни во боја на месо или некоја нуд нијанса. Ова може да изгледа вештачко ако нанесувате темни и живописни бои на кармин. Впрочем, Kylie е позната по своите кармини во боја на месо.

Контурирајте ја долната усна

Со молив за усни кој е една до две нијанси потемна од моливот со кој претходно ги исцртавте усните, направете “сенка” под центарот на долната усна, со што се создава илузија на волумен. Исто како што додавате димензија на лицетео со потемен бронзер, истиот ефект применете го на усните. Исто така, со темен молив можете да ја преминете горната усна.

Нанесете хајлајтер на врвот од горната усна

Со нанесување на хајлајтерот на врвот од горната усна ќе привлечете светлина врз издигнатиот дел од усните, со што ќе изгледаат пополни. Ова е познат трик на Kylie, кој можете да го примените. Најдобриот ефект го дава течниот или кремастиот хајлајтер, кој ќе го истапкате со прстот само на врвот на горната усна. Исто така, ќе ја нагласите бојата на усните и ќе ја “подигнете” целата шминка на повисоко ниво.

Секогаш одлучете се за течен кармин

Течниот кармин има текстура што ги прави усните да делуваат полни со волумен. Тоа е причината зошто последниот чекор на усните на Kylie Jenner е тенок слој на течен кармин со мат текстура во боја на месо или бледо нуд розова нијанса. Внимавајте моливот за усни да биде во боја на карминот за да не се приметува разлика.

И тоа е тоа – лесно и брзо до полни усни само со помош на шминка.