Честопати се среќавате со мејкап термините: блендирање, контурирање, фиксирање на пудрата, хајлајтер, илуминатор… Во кратки црти ќе се обидам да го објаснам професионалниот мејкап речник!
Blending – Блендирање (мешање)
Со терминот блендирање многу често се среќаваме при шминкањето. Звучи комплицирано, но ако започнете да ја практикувате техниката на блендирање ќе ја совладате многу брзо. Да се блендира сенка, бронзер или руменило значи да се нанесат козметички производи за да се постигне природен мејкап изглед. За блендирање секогаш ви требаат неколку четки.
Contouring – Контурирање
Контурирањето на лицето е уште еден израз кој се користи во речникот за шминкање. Со техниката контурирање се нагласуваат „депресиите“ на лицето. Тоа значи дека со техниката на контурирање ќе ги нагласите или ќе ги намалите вашите мали „недостатоци“ на лицето. Обично се користат производи кои се со неколку нијанси потемни од вашата кожа и најчесто се со мат финиш.
Setting Powder – Фиксирање на пудрата
Setting powder – израз кој исто така ќе го слушнете многу пати, ќе ви биде непознат, но техниката е многу едноставна. Setting powder во буквален превод значи да ја фиксирате пудрата. Односно кога ќе нанесете течна пудра, преку неа нанесете пудра во прав или компактна пудра. Целта е со втората пудра да ја фиксира течната пудра, така што ќе трае подолго на вашето лице.
Highlighter – Хајлајтер
Хајлајтерот е неизбежен производ во женскиот несесер. Тоа е блескав производ што го користите кога сакате да нагласите одредени делови од вашето лице (брада, образ, чело…)
Iluminator – Илуминатор (осветлувач)
Со терминот илуминатор исто така ќе се сретнете при шминкањето и повеќето девојки овој производ сигурно го поседуваат. Тој е коректор со најсветла нијанса и го користите кога сакате да ги „издолжете“ или „намалете“ некои делови од вашето лице.
Baking (cooking)
Техниката baking или cooking исто така е многу популарна кај мејкап артистите. Оваа техника бара малку повеќе време, бидејќи на лицето се нанесува транслуцентна пудра која треба да стои околу 15 минути на вашето лице пред да ја размачкате со четка.