Откријте го универзумот на Femme преку мирисното патување на Angel Schlesser посветено на жените!
Femme, Femme Adorable или Femme Magique!
Femme со своите ориентални и цветни ноти изразува природност и транспарентност, прекрасниот Femme Magique со сензуално цветно срце и нежниот Femme Adorable од семејството на цитрусно-цветни мириси.
Femme Magique
Femme Magique од Angel Schlesser, наменет за жени со магнетизам и природен сјај! Самоуверени, витални и енергични, овие жени полни со сензуалност и шарм ни покажуваат дека се е можно.
Благодарение на комбинацијата од цитрусни и овошни ноти на малина и хипнотичката сладост на белите цветови и цветот на портокал, Femme Magique зрачи заводливост, магнетизам и природен сјај.
Femme Adorable
Femme Adorable е цветен мирис за жени. Во горните ноти преовладуваат цитруси, зелено јаболко и бергамот, а во средните ноти роза, љубичица и јасмин. Основата е обвиена со мошус, ванила и сандалово дрво.
Femme
Femme е цветен алдехиден мирис за жени. Парфемот се отвора со ноти од смрека, бергамот, мандарина и цвет од портокал. Потоа во преден план доаѓаат нотите од срцето – црвен пипер и крин на долината, за на крај да останат нотите од жалфија, мошус и кардамон.
Кој е вашиот омилен парфем?